Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дијамант Од 128 Карати кој го носеше Одри Хепберн стана најскапиот накит во историјата на Оскарите…

Сите ја гледаа Лејди Гага кога таа се појави на црвениот тепих во 2019 година со ова парче накит.

Таа година доби Оскар за песната „Shallow“, која ја отпеа заедно со Бредли Купер во филмот „A Star Is Born“ во кој ја играше главната улога.Пејачката и актерка се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа на Оскарите 2019 година.

Покрај тоа, Лејди Гага донесе уште една ласкава титула на Оскарите оваа година. И сето тоа благодарение на ѓерданот што го носеше.

Таа за оваа пригода облекла грациозен црн фустан во форма на топка, со тенки прерамки и долги бели ракавици, а парчето накит што го носела добило уште поголемо значење.

Лејди Гага тогаш носеше ланче од брендот „Tiffany & Co“ вреден повеќе од 30 милиони долари.

Жолтиот дијамант од 128 карати последен пат го носеше Одри Хепберн за време на промотивната фотосесија за филмот „Breakfast at tiffanys“ во 1961 година.

Скапоцениот камен првпат бил откриен во Јужна Африка пред повеќе од 140 години од основачот на „Tiffany & Co“ , Чарлс Луис Тифани.

Додека верзијата на ѓерданот на Гага изгледаше поинаку, бидејќи беше поставена во нов дизајн, самиот централен камен остана ист.

  • Лејди Гага е ултимативен креатор, иноватор и прекршувач на правила, и јас сум воодушевен што на црвениот тепих ќе го носи легендарниот дијамант Tiffany за прв пат откако беше откриен пред 141 година – изјави главниот уметнички директор на Тифани, Рид Краков на времето, објави People.

Освен Хепберн,друга личност што го носеше ова ценето парче беше британската суфрагистка Мери Вајтхаус, која дебитираше на балот Tiffany во 1957 година во Њупорт, Род Ајленд.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement