Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Витамин кој ги брише брчките:Не ви требаат скапи креми, само јадете ги овие намирници…

Познато е дека витаминот Ц е одличен за нега на кожата, а експертите велат дека ја намалува и видливоста на брчките.

Витаминот Ц е чест дел од рутината за нега на лице преку креми и серуми, но можете да го подобрите и изгледот и здравјето на кожата доколку го внесете низ телото.

Експертите наведуваат дека 75 милиграми дневно е оптимална количина за возрасна жена, а 90 милиграми за мажи. Според студијата објавена во списанието за клиничка исхрана, колку е поголем внесот, толку помалку брчки на лицето и целокупното здравје на вашата кожа исто така ќе се подобри.

„Докажано е дека витаминот Ц штити од оксидативен стрес и е важен дел од синтезата на колаген и еластин, што ќе направи кожата да изгледа помлада отколку што е“, вели дерматологот Кијара Бар.

Овој витамин ќе помогне и во заштитата на колагенот кој веќе постои во кожата. Дополнително, има ефект и кога станува збор за лекување на темни дамки на кожата, но бидејќи телото не го произведува сам овој витамин, мора да внимавате на неговото внесување. За да внесете доволно витамин Ц, најдобро е да внимавате на храната што ја јадете.

Бидејќи е невозможно да се создаде поголема количина на оваа важна хранлива материја, многу е важно да се зема во доволна количина секој ден. Изберете пиперка, портокали, ананас, лимон, грејпфрут, јагоди, папаја, брокула,прокељ,зелје, кељ, киви и магдонос.

Исто така, треба да имате предвид дека термичката обработка на храната го уништува витаминот Ц, па затоа внимавајте на начинот на подготовка.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement