Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дестинација на Карибите која со право се смета за рај на земјата…

Доминиканската Република може да се пофали со импресивно крајбрежје од повеќе од 1.600 километри, но и со богата флора и фауна, како и со гастрономско наследство што ги фасцинира туристите.

Постојат бројни причини за посета на оваа карипска дестинација, која заедно со соседниот Хаити се наоѓа на островот Хиспаниола.

– Доминиканската Република е рај – изјави Дејвид Коладо, министер за туризам за „Euronews.com“ и додаде дека иако земјата има фасцинантни плажи и истo таква кујна, како и богато културно наследство, нејзината вистинска вредност е во нејзиниот народ.

Сето тоа имаше влијание и врз туризмот, така што со 8,5 милиони посетители во 2022 година, земјава оствари рекордна посета. Со сигурност може да се каже дека ова е значително закрепнување на туристичкиот сектор во оваа дестинација, бидејќи забележа пораст од 10% во однос на нивото пред почетокот на пандемијата во 2019 година.

Министерот истакна дека овие резултати се резултат на развојот на две стратегии, кои Доминиканската Република ги разви среде пандемијата.

  • Едната беше да го обновиме нашиот туризам и да се фокусираме на доаѓањето на туристите. И додека светот закрепна, решивме да ја зајакнеме нашата инфраструктура, вклучувајќи ги и сите наши плажи. Сето ова помогна да се воспостави оваа карипска дестинација како задолжителна работа за сите љубители на сонцето, морето и релаксацијата – нагласи Коладо.

Што да се посети во Доминиканската Република?
Благодарение на богатата колонијална историја, главниот град на земјата, градот Санто Доминго, е всушност првата европска населба на американско тло, по откривањето на Колумбо.

Градот е своевидна мешавина на традиционална и модерна архитектура, која опфаќа градби од 16 век, но и оние изградени во текот на минатиот век. Од 1990 година, Санто Доминго е на листата на светско наследство на УНЕСКО со причина. Исто така е дел од Националната ботаничка градина, која е најголема од ваков вид на Карибите.

Санто Доминго може да се пофали со богат ноќен живот, бројни ресторани, клубови и барови, но и феноменални плажи, покриени со бел, карипски песок.

Иако многу туристи претпочитаат да престојуваат во едно од познатите доминикански одморалишта, треба да се напомене дека земјата може да се пофали и со значително развиен еко-туризам.

Во Доминиканската Република има и локации наменети за љубителите на природата, па не е чудно што поради различните типови на атракции, властите започнаа кампања, симболично наречена „Туризам на секој агол“.

Прочитај

Green Tea

Промената на исхраната игра клучна улога во регулирањето на триглицеридите и одржувањето на здравјето на срцето. Се препорачува консумирање здрави масти, како што се...

____celebrity

Холивудскиот актер Брус Вилис (69) повеќе не е свесен за својата болест и тешката дијагноза.Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, која е со него во...

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Green Tea

При одржување на која било романтична врска, експертите истакнаа неколку навики кои можат да помогнат врската да преживее дури и во најтешките периоди. Успешната...

Advertisement