Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Село без сообраќај: нереалните пејзажи, шуми и чувство на мир го прават ова место магично…

Она што го прави ова прилично необично британско село уште поубаво е пејзажот во кој се наоѓа. Опкружен е со шума, а куќите во него се автентични.

Многу необично англиско село на карпа нуди фантастичен поглед на Бристолскиот канал. Во Кловели речиси и да нема врева. Единственото нешто што може да се слушне е звукот на брановите.

Всушност, нема сообраќај во ова автентично село, со право наречено Амалфи на Обединетото Кралство. Се што треба да се транспортира се транспортира со помош на магариња и колички.

Во округот Девон, на југозапад од Британија, веднаш до границата со Корнвол, се наоѓа село со околу 400 жители.

И тоа не би било чудно, доколку Кловели не беше село кое е во приватна сопственост и во кое посетителите се обврзани да платат влезница. Парите од влезната такса потоа се користат за одржување на автентичноста на селото кое се карактеризира со калдрмани улици и совршено сочувани градби.

Во првите децении на 18 век, селото Кловели припаѓало на Матилда од Фландрија, кралицата на Англија, која го купила во 1738 година, според Mybestplace. Тогаш семејството Хамлин го купило од неа, а членовите на тоа семејство се уште имаат викендица во селото, која активно ја користат.

Еден потомок на тоа семејство, по име Џон Роус е задолжен за управување со Кловели. Тој не се грижи само за зачувување на неговата автентичност, туку и за редовно одржување.

Она што го прави ова прилично необично британско село уште поубаво е пејзажот во кој се наоѓа. Опкружен е со шума, а куќите во него се автентични. Затоа и не е чудно што мал број локални жители често се фалат со фактот дека ги посетил Чарлс Дикенс.

Главната улица на Кловели стрмно се спушта кон малата марина, која е украсена со камениот кеј од 14 век и чамците на локалното население, правејќи ја областа да изгледа како нешто од разгледница.


Покрај можноста за шетање по калдрманите улици на Кловели, посетителите во текот на летото можат да присуствуваат и на фестивал посветен на морето, на кој ова британско село е домаќин. Исто така, во селото се наоѓа и Рибарска колиба, еден вид музеј кој нуди увид во историјата на ова некогашно рибарско село.

Во Кловели има и автентични занаетчиски работилници, каде посетителите можат подобро да го запознаат локалното население, кое успеало да го зачува своето богато минато, приспособувајќи се на модерното време и неговите специфичности.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement