Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Животната приказна на Сара Џесика Паркер:Ја прогласија за најгрда жена, за потоа да го освои светот…

Сара Џесика Паркер е жив доказ дека талентот, шармот, успехот и интелектот се помалку ценети од естетиката во денешниот површен свет.

Ако нешто ја одбележа ерата на феминизмот и започна разговор за разни социо-социјални табу прашања кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, тоа е дефинитивно серијата „Сексот и градот“.

Култни ликови, култни приказни и грандиозни модни моменти, за кои ни помалку ни повеќе туку Сара Џесика Паркер, која ја толкува главната улога во серијата – Кери Бредшо, ја освои публиката ширум светот.

Нејзините брендирани аутфити и изразеното чувство за мода се дефинитивно нешто што ја одбележа оваа серија, а сето тоа не би било толку ефективно доколку Сара немаше извајано тело, долга, руса кадрава коса,продорни тиркизни очи и бескрајна харизма.

Иако никогаш не се вклопи во „стандардните убавици“ од модните писти, таа беше поинаква и го имаше „тоа нешто“.

Секоја од нас сакаше да го има нејзиниот плакар со чевли или гардеробер, кариера, стомачни мускули и една „Ѕверка“ дури и за момент.

Но, се чини дека мажите уште во 2008 година не се согласуваа со тоа.

Избрана за жена која не е секси

Имено, за време на анкета во машкиот магазин „Маxim“, Сара е избрана за жена која од сите предложени била најмалку секси во светот.

На злонамерната листа се најде и Бритни Спирс како „дебела“, иако пејачката во тоа време го губеше старателството над децата, Ејми Вајнхаус која се бореше со зависноста и почина една година подоцна, и Мадона затоа што беше „премногу стара“.

Иако повеќето би се согласиле дека никој не се грижи што мислат читателите на списанија како „Маxim“,оваа анкета беше остар приказ на мизогинија на дело.

Во интервју за магазинот „Gloria“, актерката признала дека анкетата силно ја погодила, велејќи го следново:

  • Дали сум навистина најмалку секси жена на светот? Леле. Ова е шокантно. Мојот сопруг беше погоден од ова, можеби дури и повеќе од мене, бидејќи тоа го доведува во прашање неговиот избор на жена.

И покрај тоа, Сара Џесика Паркер преку ликот на познатата Кери Бредшо стана модна икона,симбол на женската независност, претставник на светот кој ги доведува во прашање мажите.

Скромното детство и средбата со „Бродвеј“

Сара Џесика потекнува од бракот на наставничка и новинар и е едно од осумте деца. Како што вели, нејзините родители често се бореле со сиромаштија, но таа не би променила ништо од тоа.

  • Имав се што ми требаше, дури и кога немаше струја, задоволна сум од моето воспитување – изјавила Сара.

Нејзините родители се развеле кога таа имала три години. Нејзината мајка се омажила за Пол Форсте, возач на камион и сметководител.

Може да се заклучи дека ѕвездата од „Сексот и градот“ се заљубила во актерството благодарение на нејзината мајка. Нивната мајка често ги носела во бесплатни јавни институции како балетот и театарот во Синсинати, а Сара Џесика тренирала пеење и балет како млада, за да следи улога на „Бродвеј“. Тоа е оживување на драмата на Вилијам Арчибалд „Невините“. Веќе на 8-годишна возраст, таа го имаше своето телевизиско деби во „The Little Match Girl“.

Актерката е позната по постојаните хуманитарни активности.

Таа самата создаде големо семејство
Сара Џесика Паркер ја пронајде среќата во љубовта покрај актерот Метју Бродерик, со кој има три деца, 19-годишниот син Џејмс и 13-годишните близнаци Табита и Мерион.

Тие ретко се појавуваат заедно на јавни настани, па секоја слична активност будно ја следат медиумите.

Приватната среќа беше придружена со професионална среќа. Влегувањето на Бродерик во нејзиниот живот и серијата „Сексот и градот“ отвори ново поглавје во нејзиниот живот.

Дали седата коса е за осуда?

Повеќе од една деценија по снимањето на култната серија, Сара Џесика повторно се најде на столбот на срамот, со продолжението на серијата. Сега за нејзината седа коса и брчки:

„Погледнете како изгледа, зошто не ја бојадиса косата“?, „Зошто не престанува да глуми, старица е“… имаше остри коментари.

Дивата уште еднаш се огласи и рече дека не може да го запре времето ниту својата седа коса и дека не сака ништо да прикрие или поправи.

  • Што треба да направам за да ве усреќам, да исчезнам?Тоа неможе – смело изјавила актерката.

Во интервју за магазинот „Vogue“ во јануари 2023 година, таа рече дека воопшто не размислува за стареење:

  • Моите години не ги гледам како некаков дефект, напротив, ми дадоа мудрост да не обрнувам внимание на лошите коментари. Повеќе не размислувам за мојот изглед, но се чини дека остатокот од светот сè уште размислува. Не можам да ги разберам, ниту една промена на нашето тело или лице не е срамна.

Се поставува прашањето дали Сара во тие години била „трн во око“ на посилниот пол затоа што го толкувала ликот на силна, независна жена во серија што јасно го прикажувала проблемот на машко-женските односи и ги поттикнувала жените да се отргнат од наметнати општествени норми и кои, ако сакаат – тогаш можат сами да постигнат се“.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement