Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Која би била вашата прва реакција доколку ненадејно налетате на Rolls Royce кој е целосно покриен со злато?

Во Индија Ќе Најдете Позлатено Такси Rolls Royce Phantom…

Веруваме дека вашата рака автоматски би летала кон вашиот мобилен телефон за да снимите слика, но знаеме и дека со неверување би зјапале неколку моменти додека таа златна тула полека се тркала покрај вас. Слободно можеме да кажеме дека вака реагирале луѓето кога го виделе овој златен Rolls Royce Phantom на улиците во Индија. Позлатениот ултра луксузен седан е во сопственост на индиски бизнисмен по име Боби Чеманур, чие лице може да се види како уникатно лого ја краси вратата на овој модел. Бизнисмен од Керала пред неколку години го покрил својот Phantom со злато и го користи за превоз на ВИП патници кои го посетуваат неговиот хотел.

Виткањето егзотични автомобили во златен винил е популарна тема на Блискиот Исток, но да се види нешто од ваков тип во Индија е навистина ретко. Видеото на Јутјуб кое можете да го погледнете под текстот ги долови реакциите на минувачите кои најблаго речено се изненадија кога на улиците на Бангалор видоа златен Rolls Royce.

Видеото објавено на каналот Spotter India Cars ни покажува како позлатените Rolls привлекуваат внимание и ги тераат минувачите да се вртат наоколу. Во еден момент од видеото можеме да видиме како привлекува далеку поголемо внимание од синиот родстер Lamborghini Huracan паркиран пред него. Луѓето се собраа како пчели во кошница за да направат неколку снимки и фотографии од овој автомобил, вклучително и неизбежните селфи фотографии, додека сите оние кои го забележаа знакот за такси на покривот беа воодушевени.

Инаку, овој златен Rolls Royce е регистриран како такси возило и може да се изнајмува за околу 300 долари дневно, што е сосема разумна цена со оглед на тоа дека Rolls Royce Phantom е еден од најскапите автомобили што можете да ги купите во Индија. Златниот Rolls Royce на Боби е модел од претходната генерација што не го прави помалку луксузен или посебен, а последниот чини околу 1,3 милиони долари во Индија.

Друга интересна работа за овој автомобил е неговата регистарска табличка. Жолтата табличка – која се користи за комерцијални возила – има 0001 на крајот.

Кој е Боби Цеманур?

Боби Цеманур е 60-годишен претприемач од Индија кој води различни бизниси, почнувајќи од продавници за накит, преку хотели, па сè до изнајмување автомобили. Според повеќе извори, неговото богатство моментално се проценува на околу 100 милиони долари. Познат по своите филантропски дела, Боби наводно е и професионален фудбалер, а имал блиски односи со Диего Марадона, кој присуствувл на отворањето на неговата прва продавница за накит во Дубаи пред неколку години. Се разбира, Боби е страстен колекционер на автомобили, па крие неколку навистина луксузни возила во својата гаража.

Како што дознаваме, тој купил Rolls Royce Phantom VII LWB на аукција пред неколку години и решил да го претвори во такси за да го понуди ова исклучително возачко искуство во еден од најскапите автомобили во светот по разумна цена. Со сигурност можеме да кажеме дека неговиот златен Rolls Royce е ефикасна маркетинг стратегија со која тој успешно се промовира себеси и своите клубски одморалишта Club Oxygen.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom