Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дури и на почетокот на својата шеста деценија продолжува да восхитува со својата волшебна линија,Планот за исхрана на Меланија Трамп…

Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, уште за време на мандатот на нејзиниот сопруг Доналд, секогаш избирала модни изданија и привлекувала внимание со својот стил и изглед.

Таа е висока 176 сантиметри и тешка само 62 килограми, што јасно покажува дека има некоја тајна во нејзината исхрана. Познато е дека Меланија никогаш немала радикални промени во својот изглед и е голем поддржувач на здравиот начин на живот.

Таа практикува урамнотежена исхрана во која доминираат овошје и зеленчук. Единственото правило што го следи е прилично едноставно, заедно со се останато, седум овошки се задолжителни секој ден.

Освен овошје, често јаде зеленчук, особено спанаќ и домати. Таа редовно пие јогурт направен од обезмастено млеко, ужива во риба, а интересно е што – при бројните посети во странство – ниту таа, ниту Трамп не биле заинтересирани да пробаат локални специјалитети. Тие претпочитаа да јадат салата или некое јадење што се подготвува во Америка – на пример, печено пилешко или бифтек.

Менито на Меланија е прилично лесно за следење. За појадок задолжително е смути, а во него обично се става сок од морков, боровинка, целер, јаболко, лимон или портокал, малку маслиново масло и семки од лен. Од суплементите се земаат витамин Д и омега-3.

Заедно со пијалокот, Меланија јаде и чинија овошна салата – ананас, банана, малина и боровинка. За ситост, таа препорачува овесна каша.

Ручекот е обично салата од краставици и домати или мешан зелен зеленчук.

За вечера јаде месо и многу зеленчук, а во една прилика започна вистинска полемика кога објави дека за вечера јаде органска пица со пеперони.Додека некои мислеа дека не може да биде органска,фактите покажаа дека сè што е произведено без употреба на хемикалии е, всушност, органско.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement