Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Прекрасни кањони во долината на реката Соча кои ќе ве шармираат на прв поглед….

Иако е мала, Словенија е земја која има се. Прекрасна природа, планини, езера од бајките, одлична храна и капацитети за сите возрасти. Често пишуваме за локации и дестинации во Словенија кои вреди да се посетат.Овој пат наш предлог е коритото на реката Толмин.

Магични корита Толмин
Речните корита на Толмин се природен феномен лоциран во долината на реката Соча. Станува збор за коритата на реките Толминка и Задалшчица кои токму тука се спојуваат во едно. Тоа е најнискиот и, многумина велат, најубавиот влез во Националниот парк Триглав.

Низ карпите се протега тесен кањон, а посетителите ги привлекува прекрасната кристално сина боја на водата, која е навистина волшебна.

Прошетка низ кањонот
Низ кањонот води патека долга околу 2 километри. Тоа е лежерна прошетка по дрвени мостови, скали и патеки, при што ќе уживате во бајковитите сцени на прекрасната природа.

Оваа природа наводно го маѓепсала славниот Данте Алигиери, кој некогаш живеел на овие простори, па дури и напишал неколку реда од неговата Божествена комедија. Во негова чест, јамата која се наоѓа овде се нарекува јама на Данте.

Помеѓу останатите атракции додека шетате покрај коритата, ќе го видите и Ѓаволскиот мост од кој се нуди најубавиот поглед на кањонот. Под мостот има термален извор кој подобро се гледа кога нивото на водата на Толминка е пониско. Има и бројни водопади и езера каде што ќе сакате да останете засекогаш.

Патеката низ коритото на реката Толмин е добро обележана и обезбедена, не е напорна, а за обиколка на сè е потребно околу час до час и половина. Не треба да бидете во некоја посебна состојба, туку подгответе соодветни обувки. Најдобро време за посета на оваа бајковита локација е од средината на пролетта до почетокот на есента, кога природата е во полн ек.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement