Познатата Колумбијка природата ја благословила со убавина, а многумина мислат дека и кај неа не е се сосема природно.
Убавата колумбиска пејачка Шакира со години е едно од најпознатите имиња на музичката сцена, а се чини дека во последно време многу повеќе се шпекулира за нејзиниот приватен живот отколку за нејзиниот деловен.
Таа неодамна се најде во центарот на скандал кога нејзиниот долгогодишен партнер Пике Џерард ја изневерил со помладата девојка Клара Чиа Марти. После тоа двајцата брзо ја обелоденија својата врска, а пејачката и нејзините два сина Милан и Саша имаа тежок период во животот.
По многу „одмазднички“ потези, Шакира донекаде се врати во нормален живот, но медиумите се уште „внимаваат“ на неа и на нејзиниот поранешен партнер.
Она за што во последно време често пишуваат странските медиуми е прашањето дали Шакира направила некоја естетска операција и што е тоа што убавата пејачка го направила на себе.
Според Ванитатис, Колумбијката направила некои ситни зафати на своето тело, а една од нив се нејзините усни.
Споменатиот медиум тврди дека пејачката ги зголемила усните, што е најмодерната естетска операција која ја прават речиси сите холивудски ѕвезди. Се тврди дека таа „се ставила во рацете“ на еден од најпрестижните естетски центри во светот.

Шакира точно знаеше што сака. Медиумите тврдат дека кога била во Барселона, Шакира му дала јасни упатства на пластичниот хирург за тоа што сака и како сака да го постигне тоа.
Нејзиниот естетски хирург објасни дека Шакира одлично го познава сопственото тело и дека самата кажува што сака, каде и колку.
- Кога е под иглата, таа покажува на точното место, давајќи ми точни мерења колку и каде сака да додадам. Без разлика дали се работи за хијалуронска киселина или филери, таа јасно знае што и недостига и каде. Самата ги допира веѓите, усните, назолабијалниот набор, брадата, аглите на усните… – вели Ванитатис.
Сепак, таа негира дека направила ринопластика. Таа тврди дека имала само мали корекции на лицето, поради кои лицето ѝ е затегнато за нијанса отколку што би било доколку не одела на „боцкање“ кај естетичар или пластичен хирург.
