Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најдобрите дестинации за патување во април…

Речиси можете да ja помирисате пролета во воздухот и повеќето од нас се повеќе од подготвени да се збогуваат со зимата. Ова секако би значело дека ова е совршено време да започнете да ги планирате вашите патувања во април. Во споредба со високите цени на аранжманите и гужвите кои се карактеристични за летната сезона, април е несомнено еден од најдобрите месеци за истражување на светот.

Ако веќе ги пакувате куферите во глава, но ви треба инспирација каде да одите кога станува збор за светските дестинации, ние сме тука да ви насочиме во совршена насока денес.

БАЛИ, ИНДОНЕЗИЈА

Бали е прогласен за втора најпопуларна дестинација во светот кога го барате вашиот одмор од соништата. Навистина, штом сте таму, лесно е да се види зошто. Иако оваа иконска дестинација вреди да се посети во секое време од годината, особено ви препорачуваме да ја посетите во април, кога започнува сушната сезона. Едноставно кажано, нема да мора да се грижите за монсунските дождови. Просечните температури во април не се високи, така што ќе можете да уживате во сонцето и да ја истражувате околината без ризик дека ќе изгорите на сонце.Не можеме да не ги споменеме прекрасните плажи на Бали, како и неверојатната флора и фауна.

АТИНА, ГРЦИЈА

Иако Грција е вообичаено изборот на туристите во текот на летото, совршен начин да ги победите сите гужви и жештини е да го посетите главниот град на земјата во април! Атина е суштинска станица за сите љубители на архитектурата и историјата. Благодарение на огромната низа култни атракции на секој чекор, ќе добиете впечаток дека сте патувале назад во времето. Акропол, Партенон, Храмот на Зевс, Античка Агора и Националниот археолошки музеј се само некои од локациите кои вредат вашето внимание. Најдоброто од целата приказна е што во април цените на аранжманите се многу поповолни отколку во текот на летото.

АПУЛИЈА, ИТАЛИЈА

Ако сакате вашето патување во Италија да биде незаборавно, изберете тоа да биде во април.Ви го предлагаме идиличниот јужен регион на земјата, поточно Апулија. Пријатното априлско време е совршено за истражување на се што може да понуди оваа дестинација. Плус шарените полски цветови кои цветаат во април се нешто што особено ќе ве воодушеви. Живописниот регион на Италија,има многу да понуди без разлика дали сакате да пиете кафе во шармантните мали кафулиња или да се восхитувате на прекрасната архитектура на старите згради. А кога ќе дојде време за оброци, подгответе се да останете без зборови колку храната е вкусна и миризлива.

Прочитај

Green Tea

Раната дијагноза на рак на панкреас е клучна за успешно лекување, но симптомите во раните фази често се неспецифични и лесно може да се...

Green Tea

Промената на исхраната игра клучна улога во регулирањето на триглицеридите и одржувањето на здравјето на срцето. Се препорачува консумирање здрави масти, како што се...

____celebrity

Холивудскиот актер Брус Вилис (69) повеќе не е свесен за својата болест и тешката дијагноза.Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, која е со него во...

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Advertisement