Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната на нејзината совршена линија:Ова е диетата што Викторија Бекам ја следи во последните 20 години…

Поранешната членка на бендот “Spice girls” Викторија Бекам, повеќе од две децении ја следи истата диета.

Откако зачекори на светската сцена, Викорија е позната како дама со исклучително префинет стил, но и како жена која никогаш немала ниту килограм помалку,ниту грам вишок. Сопругата на Бекам успеа да го направи тоа благодарение на нејзината исклучително строга диета, која ја следи со години.

За нејзиниот режим еднаш зборуваше и нејзиниот сопруг, кој откри дека многу ретко отстапува од исхраната. Иако е гурман, вели тој, Викторија само повремено ќе отстапува од вообичаениот оброк, кој вклучува риба на скара и зеленчук на пареа.

Викторија подоцна изјави дека иако нејзината исхрана е многу дисциплинирана, таа исто така ужива во здрави извори на масти како авокадо и јаткасти плодови од време на време, и знае да се опушти со алкохол.

Што јаде Викторија Бекам за појадок?

Викторија,кога станува збор за Англичаните,го отфрла традиционалното утринско пиење чај и го заменува со две лажици јаболков оцет.

  • Секое утро првото нешто што го правам е да земам две лажици јаболков оцет. Потоа една шолја топла вода со лимон и неколку кафиња – изјави Викторија за Net-A-Porter.

И Викторија, како што пишуваат странските медиуми сака смути, а најмногу комбинира јаболка, киви, лимон, спанаќ, брокула и чиа семки.

Што јаде Викторија Бекам за ручек?

Авокадото е една од нејзините омилени јадења, толку многу го сака што признава дека јаде неколку од нив дневно. Конкретно, таа за Телеграф во 2019 година изјави дека „јаде три или четири авокадо дневно“ и верува дека тие се најзаслужни за таква здрава кожа. Исто така, свежата риба е една од честите ставки на менито на Викторија и таа ја комбинира со различни видови зеленчук, кои се варат на пареа.

Што јаде Викторија Бекам за вечера?

Таа одамна ги замени традиционалните шпагети со поздрава алтернатива, бидејќи за вечера често се одлучува за зачинети тиквички измешани со зеленчук. Во меѓувреме, нејзината ќерка Харпер исто така се покажа како прилично готвачка. За време на изолацијата поради корона вирусот, таа ги покажа своите кулинарски способности и подготви едно од омилените јадења за нејзината мајка – риба.

  • Овде имаме лосос, шеќерен грашок, краставица, авокадо и брокула – открија девојките на Бекам што имало на менито.

Какви закуски јаде Викторија Бекам?

Додека во една прилика покажа здрава домашна закуска што им ја послужи на своите деца, поранешната членка на бендот Spice Girls призна дека нејзината желба за храна меѓу оброците ја задоволува со семки.

Ужината што таа ја подготвува за децата по училиште се семки натопени со органски амино киселини, кои се безглутенска замена за соја сос.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement