Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Познатиот пејач чека бебе со сопругата која е 31 година помлада и тоа го објави на прекрасен начин…

Само две недели откако направија раскошна и романтична венчавка, латино пејачот и младата убавица објавија дека ќе станат родители.

Познатиот латиноамерикански пејач Марк Ентони (54), поранешен сопруг на Џенифер Лопез, наскоро ќе стане татко по седми пат.

Како што пишуваат американските медиуми, манекенката Надја Фереира (23), неговата нова сопруга, е бремена,а двојката наскоро ќе го добие првото заедничко дете.

Тие самите ја споделија радосната вест на Инстаграм каде на Денот на вљубените објавија фотографија на која го гледаме Марк Ентони како го држи со рака трудничкиот стомак на својата девојка.

– Најдобриот подарок за Денот на вљубените досега. Боже, ти благодарам за овој голем благослов во нашите животи – изјави пејачот и актер.

Сепак, не открија во кој месец од бременоста е Надја и кога треба да се роди бебето.

Инаку, парот се венчаше пред само две недели, кога организираа гламурозна венчавка во Мајами, каде го собраа кремот на Холивуд. Меѓу гостите беа Салма Хаек, Ромео Сантос, Луис Фонзи, Малума и многу други, а невестата изгледаше волшебно во две венчаници на израелската дизајнерка Галија Лахав.

Марк Ентони е веќе татко на шест деца – со Деби Росандо има ќерка Аријана Муниз и посвоен син Чејс Муниз, со првата сопруга Дианара Торес ги има синовите Кристијан и Рајан Муниз, а со Џеј Ло ги има близнаците Ема и Максимилијан.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement