Сезоната на празници помина и сега насобраните килограми стануваат видливи, но не грижете се, оваа диета е тука да ви помогне брзо да се вратите на старата тежина.Американскиот супермодел и актерка Синди Крафорд со години е позната како една од најубавите жени во светот.
Иако годините минуваат, нејзината убавина не се намалува, а многумина велат дека времето за неа застанало. Сепак, сите знаеме дека тоа не е така, а одржувањето на витка линија и по 50 е навистина тешко.
Како што старееме, нашиот метаболизам се забавува и тогаш се акумулираат масните наслаги. Сепак, некој би рекол дека тоа не важи за убавата Синди Крафорд.
Сите жени кои се борат со килограмите треба да следат некои основни правила на исхрана, а Синди решила своето искуство да го сподели со остатокот од светот, со надеж дека тоа ќе им помогне на другите жени да се ослободат од вишокот килограми и да уживаат во сета убавина на светот.
Синди Крафорд е на манекенската сцена повеќе од 33 години. Еве како ја одржува витката линија и што ја води кога е во прашање одржувањето на килограмите.
- Никогаш не се будам мислејќи: „Боже, навистина сакам да вежбам денес“ – изјави таа за InStyle.

Кога се занимавав со манекенство, се принудував да вежбам за да можам да изгледам добро во костим за капење. Сега, ја одржувам мојата тежина за да бидам здрава и да се чувствувам добро. Самото тоа што знам дека сум силна има огромно влијание врз моето ментално здравје – изјави таа за странските медиуми.
Точната диета на Синди Крафорд
Правилото за исхрана број еден на Синди Крафорд е многу едноставно: избегнувајте преработена храна и заменете ја со свежа храна.
– Во однос на исхраната, не јадам брза храна и не јадам многу пакувана храна – изјави таа во интервју за Into The Gloss.
Во вообичаен работен ден, обично појадувам протеински шејк бидејќи е брз, вели таа.
- Салата за ручек, некогаш со пилешко, некогаш без. За вечера одиме на суши или ако јадеме дома, кога ќе стигнам си правам оброк како мисиркино ќофтиња со тестенини, салата и зеленчук – открила Синди.
На крајот откри кој и е омилен десерт? Тоа е темно чоколадо.
- Дефинитивно секоја вечер ми треба парче темно чоколадо после вечерата. Ако го немам, би можел да изедам уште сто работи, а сепак да не се заситам – признала Крафорд за InStyle.

Заедно со ваквиот начин на исхрана, Синди практикува и редовна физичка активност, која не само што ја прави да изгледа убаво, туку и има корист за нејзиното ментално здравје.
Претходно, кога беше активна како модел, често посегнуваше по диети, а пример за една диета можете да најдете овде.
Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 g) и парче ‘ржан леб
Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 грама)
Ручек: риба или пилешко месо (150 грама) со замрзнат зеленчук, мало парче ‘ржан леб
Ужина: портокал или 30 грама сирење
Вечера: варено говедско месо (150 грама), салата од зеленчук (100 грама) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав.
Пред спиење: чаша јогурт со малку маснотии или кефир
Доколку не можете да одолеете на одредена храна, немојте да се форсирате и да си создавате фрустрации, туку изедете го тој оброк, но после тоа мора да вклучите некоја форма на физичка активност.
Диетата трае две недели, а за само една недела можете да изгубите до 5 килограми.
За резултатите да бидат добри, потребно е и вежбање, секој втор ден по 1 час. Тоа може да биде возење велосипед, брзо одење или кардио вежби во теретана.
