Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Се шпекулира дека е жртва на насилство: Меган Фокс сподели фотографија по раскинувањето која ги загрижи фановите…

Актерката Меган Фокс го избриша својот профил на Инстаграм, а пред тоа остави низа „докази“ кои укажуваат на тоа што навистина се случило меѓу неа и нејзиниот (поранешен) вереник.

Американската актерка Меган Фокс (36) вчера ги подгреа сомнежите на своите обожаватели дека ја раскинала свршувачката со музичарот Машин Ган Кели (32).

Да потсетиме, двајцата се во врска од 2020 година и сите ги нарекуваа најконтроверзниот пар во светот на познатите поради нивните бизарни изјави и интервјуа, а се верија минатата година.

Да потсетиме, двајцата беа видени заедно на настан во Аризона, а само неколку часа подоцна на Инстаграмот на актерката се одвиваше вистинска драма.

Ниту еден од нив се уште не го коментирал или објавил раскинувањето, но многу од обожавателите на актерката на свој начин ги протолкувале најновите потези на Меган Фокс.

Американската актерка најпрво ги избриша сите фотографии заедно со својот вереник, вклучувајќи ја и многу озборуваната објава за нивната свршувачка, што само придонесе за гласини за раскинување.

  • Можам да го вкусам срамот, ти е во здивот – напишала Меган под серијата селфи кои ги објавила.

Со оглед на наводното изневерување на вереникот на Меган со гитаристката Софи Лојд, овие стихови напишани од актерката можат да откријат многу.

Насилство?

Сепак, она што уште повеќе ги загрижи фановите е серија селфи фотки пред огледалото во бањата кои можеби ќе откријат повеќе отколку што мислевме.

Зад актерката стои постер за семејно насилство, па на социјалните мрежи се појавија бројни гласини дека можеби се случило насилство за време на нејзината врска со Кели.

Следбениците не го пропуштија горливото писмо во серијата најнови објави на актерката на Инстаграм.

Интересно е што пред да го избрише профилот на Инстаграм, Меган Фокс ги следела само актерот Тимоти Шаламе, Хари Стајлс и познатиот ривал на нејзиниот (поранешен) вереник Еминем.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement