Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ријана повторно бремена: Убавицата од Барбадос го покажа својот стомак…

Пејачката Ријана синоќа настапи на полувремето на Суперболот. Ова беше настап кој нејзините обожаватели долго го чекаа, а судејќи по реакциите им го подари она по кое копнееја.

Сепак, она што сите ги остави без здив е моментот кога Ријана за време на изведбата на песната „Diamonds“, додека стоеше на пловечка платформа, ја отвори јакната и ја погали по стомакот.

На сите им е јасно дека се работи за труднички стомак, а како што пишуваат странските медиуми Ријана најверојатно е во вториот триместар од бременоста.

Во интервју минатата недела, Ријана беше прашана дали ќе има изненадувања за време на нејзиниот настап на стадионот Стејт Фарм во Аризона.

  • Размислувам да донесам некого. Не сум сигурна, ќе видиме – одговори таа.

ПР тимот на пејачката по настапот објави видео на официјалниот профил на „Fenty Beauty“ под кое пишува:

  • Сите сакавте специјален гостин, нели?
@fentybeauty

Инаку, Ријана синоќа настапи облечена од глава до пети во црвен комбинезон и предимензионирана јакна.

Пејачката и раперот АСАП Роки веќе имаат син кој Ријана го роди во мај минатата година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement