Кога поп дивата Мараја Кери ќе ја прашаат за нејзината позната колешка, таа генерално го има истиот одговор.
Еден од омилените меми на интернет е моментот кога Мараја Кери одговори на прашање за Џенифер Лопез:
- Не ја познавам.
Години подоцна, кога обожавателите ја прашаа за Џеј Ло на потпишувањето автограм, Мараја рамнодушно повтори:
- Сè уште не ја познавам.
Во едно интервју во 2018 година, Мараја повторно беше прашана за нејзината врска со латино дивата, а таа се обиде да го разјасни нејзиното постојано повторување дека не ја познава Џенифер Лопез.
- Навистина сакав или да кажам нешто убаво или да не кажам ништо.– изјавила Мараја Кери.
Сите се надеваат дека еден ден Џенифер ќе објави мемоари во кои ќе ја кажува вистината, но има некои индиции за тоа што толку ја налутило Мараја.
И двете се маестрални на свој начин, и двете се диви и двете се големи светски ѕвезди, а со години се шпекулира што можело да предизвика толку лоша врска.
Очигледно, јавноста првпат стана свесна за проблемот по контроверзната изјава на Мараја, кога во едно интервју на почетокот на 2000-тите таа зборуваше за тоа колку ја цени Бијонсе како значаен и квалитетен автор и изведувач. Меѓутоа, кога ја прашале за мислење за Џенифер Лопез, таа ја кажала познатата реплика – дека не ја познава.
Во тој момент Џеј Ло веќе беше голема светска ѕвезда и личност позната низ целиот свет, па Мараја сигурно добро знаела која е таа. Во едно подоцнежно интервју, таа објасни дека сакала да каже дека еднаш ја запознала накратко и дека не ја познава лично.
Што се однесува до Џенифер, таа еднаш прокоментира дека ја запознала Мараја „многу пати“ и дека нејзината колешка очигледно е „заборавна“, но објасни дека нема негативни чувства кон неа иако е свесна дека Мараја ги нема најубавите зборови да ги каже за неа.Згора на тоа, таа тогаш изјави дека е обожавателка на Мараја Кери и дека би сакала да станат пријатели.
Зошто Џенифер Лопез и Мараја Кери не се сакаат?
Како што се шпекулираше во американските медиуми, Мараја ја обвини Џенифер што го засени нејзиниот филм и песна Glitter со нејзиниот албум J.Lo во 2001 година, кои беа отфрлени и од критичарите и од публиката.
Самата Кери се осврна на тоа во своите мемоари, „Значењето на Мараја Кери“, во кои таа тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг Томи Мотола, поранешен извршен директор на Sony Music, ја саботирал нејзината саундтрака за Glitter и ја искористил Џенифер Лопез за тоа.
- Откако ја слушна мојата нова песна, Сони го искористи истиот примерок со кој направив сингл за друга пејачка (која не ја познавам) – напишала Мараја, јасно алудирајќи на нејзината ривалка Џеј Ло.
Како што е напишано, песната за која станува збор е I’m Real.
Мараја требало да соработува и со раперот Џа Рул, кого нејзиниот поранешен сопруг веднаш ѝ го претставил на Џенифер и ги убедил да ја снимат споменатата песна.
Се верува дека Мараја Кери со текот на времето ја доживувала Џеј Ло како нејзин најголем непријател во светот на славните, а нејзиното пеење го коментирала во неколку наврати.
Откако слушнала дека Џенифер Лопез секоја вечер спие по осум часа, Мараја искоментирала дека спие само три часа и се обидела да истакне дека нејзината колешка само ја „отвара устата“ за туѓ глас.
- Да го имав луксузот всушност да не морам да ги пеам своите песни… И јас би спиела толку многу – рекла Мараја.
Отприлика во исто време, таа во едно интервју истакна дека нема никаква врска со Џенифер бидејќи тие не се занимаваат со иста работа.
- Мислам дека таа нема никаква врска со мене. Мојата работа е да пеам и пишувам песни… Пеењето е талент од Бога и благодарна сум за тоа. Нејзината работа е нешто друго – истакна пејачката.
На прашањето за можноста таа и Џеј Ло да снимат дует, Мараја истакна дека се сомнева дека тоа ќе звучи добро.
Уште поголеми непријатели се помирија во светот на славните, но според се – Мараја Кери и Џенифер Лопез тешко може да станат пријателки.
