Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Фустанот со кој Камила Кабељо се “одмазди” за коментарите дека е дебела…

Пејачката призна дека се уште не е имуна на негативни коментари.

Ја обожаваме Камила Кабело затоа што никогаш не го крие своето тело, ниту се срами од своите облини – а тоа го покажа и на Греми наградите.

Популарната пејачка изгледаше секси во фустан кој одлично и прилегаше на нејзината фигура.Станува збор за необична креација на помалку познатиот бренд PatBO. Додека горниот дел е провокативен градник, долниот дел од фустанот ги покрива недостатоците и има секси шлиц.

И покрај тоа што нема „идеални мерења“ и издлабениот стомак кој најмногу го очекуваат холивудските ѕвезди, Камила носи што сака, редовно позира во бикини и всушност ужива во своето тело.

Поради тоа таа често беше мета на злонамерни коментари.

„Секогаш кога се чувствував супер ранлива и неподготвена – носев премали бикини и не внимавав на тоа како изгледам, а потоа видов слики на Интернет и коментари и бев многу вознемирена“, изјавила Камила за тоа.

„Културата толку нè навикна на сликата за тоа како изгледа „здравото“ женско тело, што е сосема нереално за многу жени. Луѓето користат фотошоп, рестриктивни диети, прекумерно вежбање и избираат агли кои прават нашите тела да изгледаат поинаку од она што се во нивната природна форма, кога длабоко вдишуваме, кога јадеме, кога дозволуваме брановите да не удираат“, продолжи Камила.

Пејачката признала дека се уште не е имуна на негативни коментари, но на тоа работи на терапија и дека „сака да се чувствува слободно, среќно и неоптоварено на плажа, како кога имала седум години“.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement