Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Резултатите се видливи веднаш, за само 24 дена ослабе 20 килограми: Оваа диета ја испроба Ким Кардашијан, а потоа и цел Холивуд…

Кога ќе се насоберат килограмите, тешко е да се започне процесот на слабеење, а никогаш немало на располагање поголем број на диети, како и разни посебни начини на исхрана.

Една од најпопуларните диети во светот е познатата Аткинсонова диета, која многу се разликува од вообичаените диети за слабеење. Оваа богата протеинска диета се карактеризира со голем внес на масти и мрсна храна, каде што месото игра посебна улога. Со оваа диета Ким Кардашијан изгуби повеќе од 30 килограми.

Аткинсоновата диета е развиена од доктор по име Роберт Аткинс. При практикување на оваа диета во организмот не се внесуваат јаглехидрати, а на тој начин телото почнува да ги согорува масните наслаги за да си обезбеди енергија за целиот ден.

Штом нема едноставни јаглехидрати и слатки, нивото на шеќер во крвта се доведува во рамнотежа, што е причина да не чувствувате глад и силна желба за слатки. Диетата Аткинс е наменета за луѓе кои имаат многу вишок килограми, но е ефикасна и за оние кои имаат мал вишок.

Аткинсоновата диета се состои од 4 фази. Првите три се дел од процесот на слабеење, а последната, четврта фаза се препорачува до крајот на животот.

Аткинсонова диета прва фаза – Аткинс индукција:

Оваа прва фаза трае две недели и е доста напорна. Вкупниот внес на јаглени хидрати е 20 грама на ден (ова е доста барано, бидејќи повеќето од нас консумираат преку 200 грама дневно).

Забрането е да се јаде: колачи, бисквити, чипс, чоколадо, колачи и кроасани, сите газирани пијалоци.

Во првата фаза избегнувајте и леб, ориз, тестенини, млеко и млечни производи и повеќето зеленчуци.

Дозволено е да се јадат: јајца, пилешко, риба (може и конзервирана), црвено месо (сите видови месо освен пржено, виршли и слични производи), путер, павлака, салати…

Земете витамини: А, Б, Е и Ц, како и магнезиум и калциум за да го надоместите нивниот дефицит преку храната.

Пример мени за еден ден:

Појадок: 2 јајца

Ручек: стек на скара

Вечера: варена риба

Како што може да се види од примерот, веќе во фазата на индукција, Аткинсоновата диета целосно го менува нашиот метаболизам.

Аткинсонова диета во втората фаза

Сега полека зголемувајте го внесот на јаглехидрати, но не повеќе од 5 грама дневно во следните седум дена. Ова го правиме додека не ја пронајдеме оптималната дневна количина на јаглени хидрати за совршено функционирање на сопственото тело.

Ова се прави постепено преку внесување на зеленчук. Ако консумирате од 25 до 50 g јаглени хидрати дневно, лесно ќе изгубите помеѓу еден и три килограми неделно.

Трета фаза на Аткинсонова диета

Овде продолжува зголемувањето на внесот на јаглени хидрати, но сега до 10 грама дневно, а потоа телото полека се подготвува за фаза 4. Во овие денови дневно се трошат околу 60 грама јаглени хидрати. Ако го одржувате правилно, лесно можете да изгубите околу 1 кг неделно. Во оваа фаза е дозволена и мала количина тестенини и брашно.

Еве што можете да јадете во еден ден: 30 грама варени тестенини или 40 грама кафеав ориз ќе ни обезбедат вкупно 10 грама јаглени хидрати.

Четврта фаза на диета Аткинс

Во овој период веќе треба да имате тежина која е задоволувачка за вас. Потоа следува одржување на тежината, што може да се направи со консумирање околу 100 грама јаглени хидрати дневно.

Најважно за оваа диета е строго да ја следите. Оброците не се мерат на вага, а може да има повеќе од 3 главни оброци, но само она што е дозволено.

Како и кај другите диети, така и оваа има одредени ризици, па затоа најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да ја користите, кој ќе ве советува дали ова е вистинскиот начин за слабеење.

Очекувано губење на тежината по фази:

Прва фаза: 6 до 10 килограми

Втора фаза: 1 до 3 кг, ако го продолжиме на две недели, во првиот месец може да изгубите од 8 до 16 кг.

Трета фаза: Околу 1 кг неделно

Кога се ќе се земе предвид, со оваа диета можете да изгубите преку 20 килограми за месец до два.

Четвртата фаза можете да ја задржите онолку колку што сакате или повремено доколку забележите дека има таложење на маснотии во телото и зголемување на телесната тежина.

Прочитај

Advertisement