Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Родена е 2003 година: Новата девојка на Леонардо ди Каприо вознемири Голем број Твитерџии…

Леонардо Дикаприо не сака да запре и шокира секогаш кога ќе ја избере својата нова девојка.Социјалните мрежи прилично се потресоа кога холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (48) прошета со својата нова избраничка Еден Полани, кој има само 19 години.

Еден е француско-израелски модел и е речиси 30 години помлада од актерот, што е вистински скандал за јавноста. Иако ниту ги потврди ниту ги демантираше овие наводи, доколку е вистина, манекенката би била најмладата девојка на Лео, доколку се земе предвид неговото познато правило до 25 години.

Голем број твитерџии го нападнаа актерот поради оваа разлика во години и сметаат дека овој пат отишол предалеку, со напомена дека средното образование на ова девојче било прекинато поради пандемијата на Ковид 19.

Тие првпат беа видени заедно на прослава во Париз, на која актерот не се одвојуваше од манекенката, а таа многумина потсети на Маргот Роби и Џиџи Хадид, со кои исто така неодамна го поврзуваа.

За што подобро да се прикаже разликата во години, тие на Твитер направија споредба и ги покажаа Педро Паскал и Бела Ремзи кои имаат иста разлика во години. Тие глумеа во серијата The Last of Us и познато е дека имаат врска како татко и ќерка, па на социјалните мрежи се обидоа тој однос да го споредат со односот на Лео со Еден, кој за многумина не е прифатлив.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement