Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Хилари Даф откри како ослабела по породувањето: Вака се губат 35 килограми…

Цело време работела со нутриционист и личен тренер.

Актерката Хилари Даф е мајка на три деца, а неодамна откри како успеала да ослабе и да ја врати беспрекорната фигура по три породувања.

Имено, актерката со редовен тренинг и диета успеала да ослабе 35 килограми, а неодамна открила и како.

Како што вели, нутриционистот со кој соработувала ја научил како да ги брои своите макронутриенти.

Макронутриентите се главен извор на енергија за целото тело и вклучуваат јаглехидрати, протеини и масти. Суштината е да внесете сè во рамнотежа во вашата исхрана, што доведува до убава линија и целосно губење на килограмите кои ве мачат.

Ваквиот пристап и овозможил да јаде што сака, но умерено и со тоа да стекне здрава врска со храната.

Нејзиниот план за исхрана изгледал вака:

-Масти 20 до 30 проценти калории

-Протеини 40 до 50 проценти калории

-Јаглени хидрати од 10 до 30 проценти калории

Хилари повремено ужива во омилената храна како пица, сендвичи и хамбургери.

Освен што се грижи за својата исхрана,Хилари вежба четири пати неделно, а нејзините тренинзи вклучуваат комбинација од тренинзи со тегови, пилатес и групни фитнес сесии, како што се часови по танц.

Со оглед на тоа дека има три деца, Хилари често е во природа и шетање, но признава дека повеќе сака пливање и трчање од пешачење, пишува Fabbon.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement