Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната е во појадокот: Еве како најголемите светски ѕвезди одржуваат фит линија…

Дали некогаш сте ги погледнале светските актерки, пејачки, модели или риалити ѕвезди и сте се запрашале што јадат за да изгледаат толку добро? Во продолжение ви пренесуваме листа на намирници кои познатите холивудски ѕвезди ги јадат за појадок за да ја одржат фит линијата, но и да го зачуваат доброто здравје. Имено, појадокот е најважниот оброк во денот, кој многу влијае на нашата состојба,како и на целокупното здравје.

Криси Тајген избира протеини и зеленчук за појадок

Во интервју за списанието Delish, Криси неодамна откри дека воопшто не сака слатки опции за појадок. Наместо тоа, во нејзината куќа наутро се конзумираат протеини и зеленчук.

„Морам да јадам по едно јајце секој ден, а тоа е обично наутро. Понекогаш на тоа можам да додадам мисиркина сланина или свински колбас, исечено авокадо и домати. Истото го служам и на моето семејство, кое исто така ужива во здрави оброци“, изјави манекенката.

Џиџи Хадид никогаш не го прескокнува појадокот

Манекенката Џиџи Хадид е уште една ѕвезда која, како и повеќето познати личности, претпочита јајца наутро, но ги комбинира со уште една изненадувачка опција од растителен протеин – грав.

„За појадок обично појадувам изматени јајца, тост и грав и пред се пијам кафе пред да направам било што. Исто така, свеж сок од портокал е често на моето утринско мени. Она што е сигурно е дека никогаш не го прескокнувам појадокот, без разлика колку е стресен почетокот на денот“, откри еднаш Џиџи за Harper’s Bazaar.

Џенифер Анистон сака смути со бадемово млеко

Имам неколку омилени варијанти за појадок, изјави актерката Џенифер Анистон за Bon Appetit. „Понекогаш е смути, обично од банана, цреша, некој вид протеин во прав, бадеми, какао во прав со бадемово млеко. Сакам да јадам и пржени јајца, но без жолчка. Обично избирам тост од авокадо со малку маслиново масло, сол и бибер“.

Рис Витерспун секој ден пие исто смути

Исто како и нејзината колешка Џенифер Анистон, Рис исто така ужива во вкусни и здрави смути за појадок. Всушност, ако може да и се верува на нејзината неодамнешна објава на Инстаграм, Рис секој ден го пие истото зелено смути што самата го подготвува.

„Ова е смути што го пијам секој ден, веројатно осум години… Или девет? Не знам веќе. Има многу зеленчук, а го пијам околу 10 или 11 часот наутро, што задржува да сум сита до 13 часот.“, пишува таа во описот на својата објава. Рецептот за кој актерката тврди дека е инспириран од нутриционистката Кимберли Снајдер содржи зелена салата, целер, спанаќ, круша, јаболко, банана, лимон, кокосова вода, бадем, путер, протеински прав и ленено семе.

Tajna je u doručku: Evo kako najveće svjetske zvijezde održavaju fit liniju

Џенифер Лопез го започнува денот со здраво смути

Актерката и пејачка со People го сподели точниот рецепт за смутито што го подготвува за појадок, а звучи прекрасно. Вклучува топка протеин во прав, јагоди, боровинки, малини, неколку лажици грчки јогурт, цимет, мед и свеж сок од лимон. Нагласила и дека секое утро пие по една чаша млака вода.

Софија Вергара избира омлет со тост од пченица и авокадо

Актерката Софија Вергара во интервју за InStyle изјави дека појадува различно во зависност од тоа дали е на работи или има слободен ден.

„Кога сум на снимање, обично јадам омлет од белка од јајце со тост од пченица и авокадо со зеленчук. Кога сум дома и имам малку повеќе слободно време да подготвувам оброци, најчесто правам домашен јогурт со овошје и гранола или овесна каша“, вели актерката која вообичаено е голем љубител на слатки.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement