Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЗАБОРАВЕТЕ НА СКАПИТЕ ПРЕПАРАТИ, КОЛАГЕНОТ ГО ИМА НАСЕКАДЕ…

Земањето додатоци на колаген се препорачува со години. Еве која храна содржи најмногу од овој протеин.

Колагенот се почесто се споменува како клучна состојка во негата на лицето, но има многу поширок ефект од оној на отстранување на брчките. Од креми и таблети до прашоци и инјекции, сите го фалат како средство за подмладување не само на кожата, туку и на зглобовите и мускулните ткива.

Меѓутоа, за да уживате во благодетите на колагенот, не е неопходно да купувате скапи суплементи. Можете да ја зголемите количината на храна што ја содржи во вашата исхрана. Еве кои извори на колаген треба да ги земете во предвид.

Супата од коски е најдобар извор на колаген. Може да се направи од говедско, пилешко или коски од риба, а повеќето рецепти велат дека треба да се готват цел ден. Можете да додадете малку сол и други зачини по вкус. Ова резултира со вкусна течност која може да се сервира како супа или да се додаде во други јадења.

Кога човечкото тело произведува колаген, користи протеини обезбедени од храна. Затоа е неопходно во исхраната да се има:

Говедско месо
Пилешко
Риба
Грав
Јајца
Млечни производи (млеко, сирења)
За да може колагенот да се синтетизира во организмот, неопходно е да се снабди со витамин Ц. Ќе го најдете во овошјето и зеленчукот како што се:

Агруми (портокал, грејпфрут)
Црвени и зелени пиперки
Домат
Темно зелен зеленчук (брокула, спанаќ, кељ)
Го има и во јаткастите плодови и житариците.

Дали треба да земам додатоци на колаген?

Не е можно да се измери количеството на колаген во телото, па не можете ни да знаете дали имате помалку од тоа што „треба“. Неговиот недостаток може да се одрази на опуштена кожа на лицето, на пример, но може да биде и последица на изложување на сончевите зраци.

Истражувачите велат дека со возраста се намалува способноста за апсорпција на хранливи материи од храната, а со тоа и капацитетот за синтеза на колаген. Независните Јутјубери кои се отворени за нивните искуства со производите за убавина велат дека не забележуваат никаква разлика кога земаат колаген и кога престануваат.

Сè уште земам, сите велат дека треба, но не ми пречи“, изјавила познатата Енџи од каналот „Hot&Flashy“. Се препорачува хидролизиран колаген (или колаген пептид), а во основа е без вкус и мирис, па може да се додава во супи, чорби и разни пијалоци. Може да се купи и во капсули.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom