Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Парис Хилтон стана мајка! До последен момент ја криела радосната вест, а патот до мајчинството не и бил лесен…

По неколку години без среќа, ријалити ѕвездата се обрати до пријателката Ким Кардашијан, која ја поврза со доктор кој ќе и го промени животот.

Наследничката на империјата на семејството Хилтон и една од првите ријалити ѕвезди во светот, Парис Хилтон (41) го доби своето прво дете,во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Познатата наследничка на империјата објави фотографија на која ја гледаме како го држи новороденчето за рака и напиша:

-Не може да се опише со зборови колку е сакан!

Нејзината објава за три часа собра повеќе од 700.000 лајкови, а познатите личности јавно и честитаа на Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум. Нејзината долгогодишна пријателка Ким Кардашијан и Хајди Клум и кажале дека се „толку среќни за нив“, а на честитките се придружиле и актерката Линдзи Лохан, пејачката Деми Ловато, манекенката Миранда Кер…

Како што пренесуваат светските медиуми, Парис стана мајка на момче, а нејзиниот сопруг и таа добија дете со помош на сурогат мајка. Хилтон претходно зборуваше за тоа како поминала низ процесот на ин витро оплодување, а во тоа и помогнала нејзината пријателка Ким Кардашијан, која и го препорачала докторот Енди Ханг.

  • Отсекогаш сонував да станам мајка и толку сум среќна што Картер и јас се најдовме – изјавила еднаш Парис.

Нејзиниот сопруг, инаку, веќе има десетгодишна ќерка со ријалити ѕвездата Лора Белизи, која наводно ја „видел само еднаш“.

Инаку, парот е во брак од 2021 година, кога имаа романтична свадба и тридневна луксузна прослава.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom