Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Целосно го смени имиџот: Кејт Бекинсејл во комбинација која ја носат само најхрабрите девојки…

Актерката Кејт Бекинсејл (49) е видена на улиците на Беверли Хилс во облека која дефинитивно не може секој да ја носи.

Кејт Бекинсејл често е во медиумите поради нејзиниот неверојатен изглед на крајот на петтата деценија, а на речиси сите големи настани секогаш е една од најгламурозните и најубавите холивудски диви.Нејзиниот моден стил е сè само не досаден и монотон, па пред неколку дена не воодушеви со краток син фустан со светки во кој уште еднаш ни докажа дека е во фантастична форма.

Затоа, последното издание на актерката, кое фоторепортерите го снимија денеска на улиците на Беверли Хилс, збуни многумина, но најмногу ги воодушеви.

Навикнати сме на пердуви, тул и интересни креации од нејзиното одење по црвениот тепих, но овој пат таа остави се без зборови, а се уште не сме сигурни дали е добро или лошо.

Актерката беше видена во необична модна комбинација која дефинитивно можат да ја изберат само најхрабрите.

Имено, првото нешто што ни падна во очи беше „прегодимензионираното“ сако со 3/4 ракави во боја на лаванда,што е навистина фантастично, но навистина изгледа како да е неколку броја поголемо.

Одоздола носеше црн свилен комплет со еднорози што го покажа неколку часа претходно на Инстаграм, а многумина го опишаа како пижами.

Оваа необична комбинација ја заокружила со темнозелена чанта и гломазни чизми.

На главата имаше машна, кој најчесто сака да ја носи и кој веројатно ја смета за нејзин омилен моден додаток.

Згора на се, носеше предимензионирани очила за сонце, па едвај се препознаваше.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement