Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Не сака да тренира, а кога ќе се здебели веднаш ја практикува,диета на Моника Белучи која топи килограми…

Како и секоја жена, и Моника Белучи сака да се релаксира и понекогаш ужива во „забранетата“ храна. Сепак, признала и дека не е голем љубител на тренинзите, но кога ќе види дека претерала, има седумдневен план за исхрана кој веднаш го спроведува.

Таа уште долго ќе остане симбол на убавината, со префинет моден вкус, па редовно не воодушевува со својата појава во оригинални парчиња облека.

Нејзината исхрана се заснова на урамнотежено внесување на се, каде што акцентот е ставен на овошјето и зеленчукот, а со оглед на тоа што користи мед, не чувствува преголема потреба за слатки.

Како изгледа планот за исхрана на Моника Белучи?

Првиот ден
Појадок: 150 мл природен и незасладен јогурт со парчиња јаболко

Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 грама салата со 1 лажичка маслиново масло, парче пченкарен леб

Вечера: чинија свежи јагоди, 150 грама ориз со една лажичка маслиново масло и 50 грама рендано сирење, 150 грама салата, овошје

Вториот ден
Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и лажица бобинки или џем од овошје

Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквички, парче интегрален леб

Вечера: 150 варено месо, салата

Трет ден
Појадок: шолја зелен чај (со лимон), тост со мед, грејпфрут

Ручек: 200 грама варени или печени компири со магдонос или копар, 100 грама сирење со малку маснотии

Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло

Четврти ден
Појадок: незасладен јогурт со малку маснотии со 2 лажички мед, 40 гр сирење

Ручек: 100 грама ориз, 100 грама варени тиквички, 100 грама варено говедско месо

Вечера: сад со кое било овошје, 200 грама варена посна риба, салата со маслиново масло, парче леб, овошје

Петтиот ден
Појадок: чаша свежо исцеден сок, две солени крекери

Ручек: 100 грама шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал или грозје

Вечера: 250 грама салата од зеленчук, со малку грав, овошје

Конечно, се што треба да направите е да повторите некој од претходните денови во преостанатите денови од менито, пишува City Magazine.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom