Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Доколку сакате да ви биде топло оваа зима, отпатувајте на овие дестинации…

Бали, Сејшели, Куба и Малдиви се само некои од егзотичните, далечни дестинации каде што сезоната е во полн ек, токму кога времето овде е постудено.

Иако патувањето до нив е долго, она што ги чека туристите таму вреди секој труд.

Бали, Сејшели, Куба и Малдиви се само некои од егзотичните, далечни дестинации каде што сезоната е во полн ек, токму кога времето овде е постудено.

Има безброј вакви дестинации ширум светот. Сезоните на нив се секако различни, па секогаш е добро прво да проверите какви се временските услови кога овде е зима. Ова се само дел од предложените дестинации на кои можете да се загревате и во зима, додека уживате во пливање и сончање.

1.Малдиви

Водите на Индискиот Океан ги мијат островите, кои припаѓаат на територијата на Република Малдиви. Она што ги чека туристите на дестинацијата, која е една од омилените светски дестинации за меден месец, освен плажите покриени со бел песок, е и луксуз, видливо на секој чекор.

Бројните луксузни одморалишта прават се за да ги задоволат посетителите. Заедно со дополнителните активности во хотелите, пред се во форма на спа третмани и разни масажи, на туристите им се нудат и екскурзии на атрактивни локации, нуркање и други интересни активности.

2.Доминиканска Република


Една од често избраните карипски дестинации, Доминиканската Република е свет сам за себе.

Широките плажи, покриени со ситен, корален песок и неверојатната боја на морето, се синоним за рајски одмор. И има многу од тоа на овој остров.

На располагање на туристите се бројни одморалишта со висока категоризација. А кому ќе му здодее да ужива на плажите на Доминиканската Република, може да избере некои други активности, како нуркање или одење на организирани екскурзии, за уште подобро да го запознае овој карипски остров.

3.Занзибар

Иако денес туристи од целиот свет го посетуваат Занзибар, оваа дестинација се смета за релативно млада во однос на туризмот. Затоа во многу делови на Танзанија, чиј дел е Занзибар, сè уште може да се видат пејзажи со речиси недопрена убавина.

Токму поради богатата и прилично зачувана природа, но и одличните сместувачки капацитети, Занзибар од година во година станува се поатрактивен за туристите од целиот свет.

4.Сејшели

Уште една далечна дестинација во Индискиот Океан. Не е лесно да се избере кој од трите најпознати острови на Сејшели да се посети. Но, бидејќи тие се добро поврзани со сообраќај, туристите можат да ги запознаат сите.

А кој и да го изберат за база, нема да згрешат, бидејќи секој од островите е интересен на свој начин.

5.Бали

Бидејќи се нарекува Рајски остров, јасно е зошто Бали го посетуваат многу туристи од целиот свет. Поради мноштвото храмови, често е придружено со фразата дека тоа е островот на боговите.

Бали на посетителите им нуди уживање на пространите плажи покриени со песок, но и одлични локации за љубителите на сурфањето.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement