Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ова растение е еликсир на убавината: Кожата и косата никогаш не биле посјајни…

Алое вера е кралица на растенијата во светот на козметиката.

Алое вера е вистински подарок од мајката природа на светот на козметиката, а најчесто се користи за нега на кожата на лицето и косата.

Неговиот изглед наликува на кактус, но се смета за кралица на растенијата во светот на убавината, бидејќи изобилува со витамините Ц и Е, кои кожата лесно ги апсорбира. Според food.ndtv.com, ова се причините зошто е толку популарен.
Гелот што го содржи алое вера можеби на прв поглед не изгледа привлечно, но неговите придобивки кога станува збор за кожата се многубројни.

Нанесете го гелот од листовите на растението на кожата и ќе забележите како пријатно се лади и дава благотворно дејство. Алоето се користи не само за чистење на кожата, туку и за поправка на помали исеченици, хидратација на сува кожа и ублажување на изгореници. Богат е и со бета каротен, кој го забавува стареењето и му дава свежина на лицето.Не двоумете се да го користите гелот од ова растение дури и ако имате чувствително лице. Доколку има чувство на печење, тоа е сосема нормален процес на прво чистење на лицето, како и кога тоа го правите со индустриски козметички производ.

Алое вера содржи протеолитички ензими кои ги обновуваат мртвите клетки на кожата на скалпот и исто така делуваат како одличен регенератор, оставајќи ја вашата коса мазна и сјајна.

Исто така, употребата на гел од алое може да го поттикне растот на косата, да го ублажи чешањето на скалпот, да го намали првутот и во исто време да ја негува здравата коса. Добро се комбинира со други природни производи за нега на коса, почнувајќи од маслиново и кокосово масло, завршувајќи со жолчка од јајце и млеко.

Не можете да погрешите ако го користите само гелот од растението алое во саксии како маска.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement