Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

ПОПУЛАРНА ФИЛМСКА ДЕСТИНАЦИЈА КОЈА ИЗГЛЕДА НЕРЕАЛНО: Матера е град кој не смеете да го пропуштите на следното патување во Италија…

Некогаш еден од најсиромашните делови на Италија, денес е дестинација која многумина сакаат да ја посетат.Мистичната Матера била населена илјадници години – од праисториски луѓе кои живееле во пештери до современи Италијанци. Живеалиштата во пештерите (Саси) и црквите врежани во карпи се совршен пример за прилагодување на животот на пејзажот и покажуваат различни фази од човечката историја во една област, поради што областа била вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1993 година.

Изградена на карпи пробиени од пештери, оваа населба во „петицата на италијанската чизма“ сè уште изгледа замрзната во времето, а оваа единствена комбинација на пејзаж, архитектура и историја е главната причина зошто секоја година се повеќе луѓе сакаат да ја посетат,но и зошто сè повеќе режисери ја гледаат како идеална филмска локација.

Последниот од серијата филмови снимени во Матера е „Нема време за умирање“ од серијата за Џејмс Бонд, во кој имавме можност да видиме импресивна бркање со автомобил низ стрмните камени улици, како и романтични сцени од Матера во самрак.

Звучи неверојатно што не толку одамна европската престолнина на културата во 2019 година се сметаше за „срамот на Италија“ и дека областа владеела со страшна сиромаштија и маларија, па властите ги иселиле жителите од градбите на пештерите во новоизградената населба надвор од градот. На оние кои се обврзаа да ги обноват зградите им беше дозволено да се вратат во своите поранешни домови на крајот на осумдесеттите.

Денеска и туристите имаат можност да престојуваат во некои од пештерите приспособени во сместувачки капацитети, па дури и во хотели и да доживеат малку полуксузна верзија на животот во пештера. Еден од најпознатите хотели е Sextantio – Grotte Della Civita со 18 соби и апартмани во пештери и стара црква која денес служи како заедничка просторија, додека режисерот на филмот ‘No Time To Die’ Кери Џоџи Фукунага и протагонистите Даниел Крег и Леа Сејду останаа за време на снимањето во хотелот Палацо Гатини.

Покрај увидот во историјата што се одвива на тоа место со милениуми, Матера и целиот регион на Базиликата, нуди и поглед на уникатните пејзажи на југот на Италија, во кои сè повеќе посетители ќе уживаат – дури и без возбудливата потера со Aston Martin.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom