Американската актерка (64) ги воодушеви своите фанови со фотографија во бикини, но нагласува дека за тоа се заслужни исхраната, вежбањето и медитацијата.
Шерон Стоун (64) не воодушеви со нејзиното појавување во Raw Passions пред 30 години. Сепак, се чини дека нејзината сексипилност и убавина не бледнеат, бидејќи пред неколку недели објави фотографија во бикини и уште еднаш ги натера на размислување своите фанови. Како таа се справува со тоа? Всушност Шерон секојдневно се грижи за своето здравје и изглед.
- Јас работам за тоа. Работам на се. За мене дисциплината е еден вид слобода – вели таа во едно интервју. Нејзините фитнес и велнес тајни кои ја одржуваат здрава и среќна на 64 години очигледно функционираат, и еве ги.
Доследноста и различните видови на обука се клучни
Не треба да нагласуваме колку е потребна конзистентност кога е во прашање одржувањето на врвната форма, а Шерон тоа добро го знае, бидејќи фитнесот е високо на нејзината приоритетна листа. И не само тоа, американската актерка вежба и до пет пати неделно.
Сепак, Шерон откри и дека редовно го менува типот на тренинг.
- Секогаш кога вежбам правам нешто различно во зависност од тоа кои делови од телото треба да бидат во движење – истакна таа.
Со оглед на тоа што редовно го менува типот на тренинзи, Шерон нагласи дека сака различни форми на активност. Само некои од нив се јога, истегнување, пилатес, танц и тренинзи за сила.
Се движи секој ден и носи рачни тегови
Покрај тоа што поминува многу време на вежбање, актерката се труди да се движи повеќе во текот на денот.
- Повремено во текот на денот станувам и се движам. Тоа го правам кога сум на снимање – рекла таа.
Тaa додава дека понекогаш ги крева нозете, изведува шутеви, вежба на земја и слично. Таа откри и дека редовно користи тегови за раце.
- Ги ставам додека сум на компјутер или на моето биро и ги носам цел ден затоа што ќе се изненадите колку можете да вежбате на компјутер со неколку килограми на рацете – открила таа.
Здрави навики во исхраната
Не мора да лажеме, за добар изглед и добра форма, важно е и како се храните. За Шерон тоа значи редовно консумирање јајца, посно месо и риба. Исто така, таа редовно јаде храна со низок гликемиски индекс, како што се леќата, киноата и зеленчукот.
- Не јадам многу преработена храна, иако не успеав да се ослободам од чипсот – искрена е таа.
Покрај тоа, таа редовно консумира билни чаеви без кофеин и избегнува кафе.
Телото, умот и духовната благосостојба се приоритети
Покрај тоа што има одличен режим на вежбање и секојдневно вежба за да остане во топ форма и здравје, Шерон не мисли дека само физичкото здравје е доволно. Таа смета дека телото, умот и духот мора да бидат добро за да бидеме добро.
- Мораме да се запрашаме: Дали придонесовме за благосостојбата на нашето тело, нашето ментално здравје и нашето духовно здравје денес? – изјави Стоун во едно интервју.
Актерката рече дека во тоа и помагаат медитациите и пишувањата на будистичката учителка Букја Денда Кјокаи.
- Ја слушам медитацијата на Кива наречена Зелена Тара како пее и многу ми се допаѓа – вели Стоун.
Средбата со смртта ја доведе Стоун до љубов, исцелување и наоѓање цел
Актерката за малку ќе умрела од мозочен удар во 2001 година, а од него се опоравувала речиси седум години. Во интервју за Опра, таа откри дека мозочниот удар оставил извонреден белег на неа, но нејзината самодоверба и давала сила да се справи.
Тоа што била толку блиску до смртта ја научи многу за љубовта, како да се лекува и да најде цел во нејзиниот живот. Таа го опиша ова во нејзината автобиографија, бестселерот на New York Timesa, Убавината на живеењето двапати.
Балансирајте помеѓу времето за семејството и времето за себе
Американската актерка се труди да има избалансиран живот, а најголем фокус е на луѓето што ги сака. Нејзе и е исклучително важно времето што го поминува со семејството, но бара време и за себе. Тогаш таа се посветува на своите филмски улоги и вели дека сега многу повеќе ужива во својот повик.
- Значи, што се однесува до глумата: сè уште ми се допаѓа. Всушност, ми се допаѓа повеќе од порано. Се чувствувам многу поудобно и многу е полесно да се работи. Чувствувам помал притисок кога го правам тоа сега, бидејќи тоа не е целиот мој свет. Имав и длабоки животни искуства кои сега можам да ги донесам. Кога работниот ден ќе заврши, добар или лош, а најчесто е секогаш добар, си одам дома во дом со љубов, па не е ништо страшно – изјави Стоун.
И не само тоа, таа не се плаши од стареење!
- Стареењето не го гледам како негативна работа. Избирам стареење. Стареењето е мојата цел – истакна таа.
- Девет дена бев на интензивна нега и стапката на преживување на она што го поминав е многу ниска. Не ми треба некој да ме натера да се чувствувам лошо поради стареењето. Ќе ви кажам што прави да се чувствуваш лошо: кога мислиш дека можеби нема да остариш – изјавила таа.

