Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

НОВИОТ РЕКОРД НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО – „КРАЛОТ“ НА ИНСТАГРАМ СО 501 МИЛИОН СЛЕДБЕНИЦИ…

И додека многумина од нас се трудат на секој можен начин да го зголемат своето присуство на социјалните мрежи, легендите како Кристијано Роналдо уриваат рекорди, без да станат од кревет…

Поточно, легендарниот фудбалер влезе во нова книга на рекорди, со 501 милион следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. По неговата вирална кампања со брендот Louis Vuitton, која ја направи во соработка со неговиот колега Лео Меси, Роналдо стана првиот човек во светот кој достигна толкав број следбеници.

На виралната фотографија која му помогна да го постигне овој иконски статус, двајца фудбалери играат шах врз ковчезите на Louis Vuitton. Објавата на профилот на Роналдо доби околу 38 милиони лајкови, со 29 милиони лајкови на профилот на Лео Меси.

Кога станува збор за бројот на следбеници, Меси не е далеку од својот колега. Тој има над 376 милиони фанови на Инстаграм, а можеме слободно да кажеме дека тие двајца се единствените спортисти на топ 10 листата на најследени луѓе на Инстаграм.

Коментирајќи го својот неверојатен подвиг, Роналдо изјави: „Мојот живот, мојата кариера, моите мисли, сите тие се заеднички, секогаш. Ти си дел од мојата приказна и постигнавме многу заедно. Повеќе отколку што можев да сонувам. Во секој пост, во секој момент, можам да сметам на вашата поддршка. Ви благодарам!”

Неколку познати личности побрзаа да му честитаат на Роналдо за неговото ново достигнување, меѓу кои и Пирс Морган, водителот на кој Роналдо пред само неколку дена му даде многу контроверзно интервју.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement