Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ниту тријади, ниту љубовници: По 5 децении откриена е причината за смрта на Брус Ли…

Познатиот мајстор на боречките вештини и актер не напушти во 1973 година, а се чини дека лекарите по разни шпекулации конечно дефинитивно ја утврдиле причината за смртта на Брус Ли, ѕвездата на хит филмовите „Way of the Dragon“, „Fist of Fury“ и многу други достигнувања, ненадејно почина на 20 јули 1973 година на само 32 години.Веста за неговата смрт тогаш го шокираше целиот свет, а причините до денес не се утврдени, но имаше многу претпоставки.

Меѓутоа, тогашните лекари ги негирале сите овие теории, бидејќи на обдукцијата, во која тогаш биле изразени многу сомнежи, дошле до заклучок дека Брус Ли починал од оток на мозокот.

Но, сега, речиси пет децении подоцна, новото истражување откри нешто интересно. Според странските медиуми, најголемата филмска суперѕвезда од тоа време, познат по една од неговите реплики: „Биди вода, пријателе“, можеби починал токму поради тоа што консумирал премногу од овој пијалок.

Имено, една нова студија покажала дека смртта на Ли била предизвикана од „Неможноста на неговите бубрези да го излачуваат вишокот вода од телото“. Истражувачката студија, спроведена од група специјалисти за бубрези во Шпанија, беше објавена во декември 2022 година во списанието Clinical Kidney Journal.

Според истражувачите, Ли имал „повеќе фактори на ризик за хипонатремија“ – екстремно ниска концентрација на натриум во крвта на една личност. Состојбата можеби била влошена со „хроничен внес на течности“, употреба на марихуана (што ја зголемува жедта), консумирање алкохол, лекови на рецепт и документирана историја на повреди на органи. Како заклучок, претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфична форма на бубрежна дисфункција: неможност да се излачува доволно вода за да се одржи хомеостазата на водата, што е главно тубуларна функција – се наведува во студијата.

Експертите велат дека сето ова може да доведе до хипонатремија, церебрален едем и смрт во рок од неколку часа, ако вишокот на вода не се усогласи со уринарна екскреција на вода, што е во согласност со временската рамка на смртта на Ли.

Имајќи предвид дека хипонатремијата е честа, бидејќи се среќава до 40% од хоспитализираните лица и може да предизвика смрт поради прекумерно внесување вода дури и кај млади здрави луѓе, постои потреба од поширока дисеминација на концептот дека прекумерното внесување вода може да убие. – објаснуваат истражувачите.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement