Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џенифер Лопез направи нешто неочекувано,фановите загрижени: „Што се случува со неа и Бен?

Пејачката Џенифер Лопез со својата одлука ги загрижи обожавателите ширум светот.Џенифер Лопез ги избриша сите објави на Инстаграм, што предизвика многу шпекулации.

Пејачката наместо насловната фотографија ставила само црна позадина, што дополнително предизвикало сомнеж кај обожавателите дека нешто се случува.

Додека некои се убедени дека ова малку бизарно бришење на содржина од Инстаграм е навестување за важна најава во блиска иднина, други ја споделија својата загриженост за тоа.

Кога се обиделе да пристапат до профилот на ѕвездата и да ја погледнат последната објава, фановите биле изненадени бидејќи воопшто немало содржина.

Од друга страна, сè уште има содржина на нејзиниот профил на Twitter и TikTok, но сликата на профилот е иста како на Инстаграм – црна позадина.

Ова имплицира дека пејачката едноставно сакала да ја избрише содржината од Инстаграм, а ќе дознаеме наскоро, се надеваме.

Кога познатите личности одлучуваат да избришат содржина од социјалните мрежи, тоа обично значи дека подготвуваат важна објава.

Фановите започнаа дискусија на Твитер за можните причини за бришење на фотографиите.

  • Дефинитивно ќе објави нешто важно. Нема за што да се грижите; Толку е чудно што Џеј Ло го избриша својот Инстаграм. Што е тоа?; Тоа е морничаво; Загрижена сум за Џенифер Лопез – ова се само дел од коментарите.

Оние кои имплицираа дека нешто се случува со неа и Бен Афлек отидоа чекор понатаму.

  • Ги избриша сите слики од свадбата и сите фотографии со Бен. – напиша загрижен фан.

Оваа необична одлука на пејачката дојде само неколку часа откако таа и Бен го направија своето деби на TikTok како пар, а досега никој од нејзиниот ПР тим не ја коментираше оваа одлука.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement