Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кралицата Летиција со причина ја носи титулата модна икона на која не и недостасува храброст! Изгледа сензационално во црвени кожени панталони…

Оваа година кралицата Летиција сервираше неколку впечатливи изданија во кои главна улога имаат кожните парчиња. Таа на настанот за ментално здравје во болницата во Барселона пристигна без сопругот, кралот Фелипе Шести, а со изборот на црвени кожени панталони уште еднаш докажа дека модната храброст воопшто не и недостасува.

Кралицата Летиција без сомнение е меѓу најдобро облечените дами на кралското семејство, што повторно и повторно го докажува со одличните модни изданија дизајнирани до последен детаљ.

Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести, со која има две ќерки, идната наследничка на шпанската круна, принцезата Леонор и Инфанта Софија, ужива статус на модна икона.

Љубителката на кожни парчиња воодушеви на настан за менталното здравје во болница во Барселона каде се појави во црвени кожени панталони. 50-годишната благородничка комбинацијата ја заокружи со џемпер во иста боја со потписот на Hugo Boss и пар Lodi мокасини со вртоглаво високи потпетици.

За накит, таа носеше пар висечки сребрени обетки со бисери и златен прстен.

Шпанската кралица Летиција стилски никогаш не се обидела да се наметне , иако во многу изданија навистина зрачи сексипилност која една толку убава жена тешко може да ја потисне. Но, затоа, во дадени прилики, таа навистина се труди да го прилагоди својот стил на ситуацијата, што е одлична формула за многу деловни жени кои не сакаат дополнително да ги истакнуваат своите женствени адути, но сепак сакаат да блеснат како убава, елегантна жена.

Кралицата Летиција веќе имавме можност да ја видиме во различни модели на кожна облека, во кожени здолништа, фустани и јакни. Сепак, овој црвен модел на панталони е дефинитивно хит.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement