Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Што јаде Џенифер Анистон за појадок: Оваа храна е одговорна за нејзината сила и виткост…

Познатата актерка зборуваше за тоа како во минатото пробувала диета како онаа со грејпфрут, но сега се држи до поздрава и поодржлива исхрана.

Изгледот на Џенифер Анистон инспирира многу жени. Сосема природна, секогаш фит, а сето тоа поставува прашања како се храни, какви вежби практикува, како успева?

Познатата актерка зборуваше за тоа како во минатото пробувала диети како онаа со грејпфрут, но сега се држи до поздрава и поодржлива исхрана, пренесува „Insider.com“.

-Кога ќе се разбудам имам топла вода со лимон, а потоа имам шејк или авокадо и јајца, што ми е едно од омилените оброци – изјавила за „El“ во 2016 година.

За „Bon Apetit“ таа ги прецизираше трите омилени појадоци. Посебно место меѓу нив заземаат јајцата.Имам три различни. Понекогаш тоа е смути – банани, цреши, некој вид протеински прав, бадеми, какао во прав и разни други чудни антиоксидантни работи на кои не можам да се сетам – со бадемово млеко. Другпат тоа се јајцата – ги делам жолчките од белките во сад и ставам повеќе белки и сето тоа го истурам во тавата за да добијам повеќе протеини без премногу жолчка. Тоа го јадам со тост од авокадо прелиен со маслиново масло, сол и бибер. Друга опција е овесна каша со изматени белки кон крајот – изјавила Анистон.

Судејќи според нутритивните навики на ѕвездата од серијата „Пријатели“, добриот, хранлив оброк дава енергија и ја одржува добрата фигура.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement