Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Закопчана до врат и попредизвикувачка од кога било: Џулија Робертс одржа модна лекција (ФОТО)…

Актерката Џулија Робертс уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите и најстилски жени во светот.

Џулија Робертс со години покажува склоност кон костуми, а може да се каже дека овој бран започна на доделувањето на наградите Златен глобус во 1990 година, кога научи модна лекција појавувајќи се во сив костим на Giorgio Аrmani.

Освен одела, актерката сака и пруги, а кога тие двe комбинации ќе се спојат, целиот свет застанува и сите погледи се вперени во неа.

Така беше неодамна во Њујорк во Линколн центарот кога ги воодушеви сите присутни со својот моден избор.

Имено, Џулија Робертс за оваа пригода одлучи да облече капут „оверсајз“ со жолти и сини пруги.

Одоздола носеше комплет составен од мини здолниште со пруги, сако и вратоврска.

Оваа комбинација малку ја „смирила“ со бела кошула, црни чорапи и едноставни сиви чевли.

Со оглед на беспрекорната комбинација, актерката се одлучи за благо брановидна пуштена коса, незабележлива шминка и секако, насмевка од милион долари.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement