Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

“МЕ НАМЕСТИ И УШТЕ МИ СЕ СМЕЕШЕ ВО ЛИЦЕ: Сталоне зборуваше за кавгата со Шварценегер, а потоа ги откри деталите! Го мразев!

Ѕвездата „Роки“, Силвестер Сталоне деновиве се подготвува за премиерата на својата нова серија „Кралот на Тулса“, а по тој повод проговори за својата кариера во шоуто на Џонатан Рос на ИТВ. Тој ги раскажа и деталите за неговата долгогодишна расправија со Арнолд Шварценегер од времето кога се бореа за истата улога во филмот „Стоп! Или мајка ми ќе пука“.

“Мислам дека не можевмее да бидеме во иста галаксија заедно некое време. Навистина, навистина се мразевме. Тој е прилично паметен, одеше низ градот и им кажуваше на сите дека едвај чека да сними филм”, се сеќава Сталоне. .

Потоа, вели тој, отишол да се види со агентот и побарал да го тргне Шварценегер од патот за да може да ја добие улогата. „На крајот ја добив улогата и сватив дека самиот се зафркнав.Тој ме намести и сепак ми се смееше во лице“.

Силвестер, кој се приклучи на шоуто ITV од Њујорк преку Zoom, му понуди на Тајсон Фјури улога во The Expendables. Тој му рече на својот колега гостин:

„Мислам дека тој би бил фантастичен, тој е сила и има харизма, зошто да не го сакаме? Се разбира, се додека ги тепа момците од спротивната страна“.

Тајсон одговори: “100 проценти во иднина, тоа е нешто што би сакал да го истражам. Кој подобро би можел да ми помогне од г-дин Роки Балбоа?Човекот со кој што пораснав гледајќи го на телевизија. Дефинитивно одлична можност и понуда и тоа е нешто со кое јас би сакал да се обидам кога ќе завршам со мојата боксерска кариера“.

Силвестер Сталоне претходно за Мiror откри дека во младоста учествувал во бројни тепачки, а издвоил една ситуација која е неговиот Роки момент во реалниот живот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement