Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Зачекори во шестата деценија, таа сè уште е една од најзгодните во светот: Синди Крафорд ја откри диетата која ја држи 35 години…

Поранешниот маникенка и супермодел Синди Крафорд се труди секогаш да изгледа прекрасно.Убавата манекенка Синди Крафорд со години ги фасцинира сите љубители на модата и убавите жени со своето извајано тело и божичното лице.Ако веќе е во шестата деценија, таа сè уште има тело кое би го посакале многу помлади жени. Сепак, таа поради него се откажа од многу работи, а сега откри како успева да изгледа фантастично неколку децении.

За време на гостувањето во една емисија, Синди откри дека нејзината тајна за витката линија е тоа што сите нејзини оброци се мали порции. Во спротивно, метаболизмот се забавува, а телото почнува да складира масти.

Како што наведува, исхраната мора да биде избалансирана: 30 отсто протеини, 40 отсто јаглени хидрати и 30 отсто масти.

Ова е пример од менито кое Синди го применува со години, штом забележи дека се здебелила неколку килограми:

Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 g) и парче ‘ржан леб

Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 грама)

Ручек: риба или пилешко месо (150 грама) со замрзнат зеленчук, мало парче ‘ржан леб

Ужина: портокал или 30 грама сирење

Вечера: варено говедско месо (150 грама), салата од зеленчук (100 грама) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав

Што се однесува до пијалоците, се препорачува многу вода, а дозволено е и црно кафе без шеќер и зелен чај.

Дополнително, ако сте гладни пред спиење, испијте чаша јогурт со малку маснотии или кефир.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement