Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Рита Ора го редефинира концептот на црн фустан! На доделувањето на наградите на магазинот Glamour таа ја маѓепса публиката во проѕирна тоалета која ретко кој би се осмелил да ја носи…

Рита Ора, британска музичарка со косовски корени, присуствуваше на доделувањето на наградите „Жени на годината“, кои традиционално ги доделува британскиот магазин Glamour.Авторката на хитот Let You Love Me се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа со својот смел стајлинг. Згодната музичарка, која е позната по смелите модни комбинации, на црвениот тепих прошета во сензационален фустан кој ја откриваше само нејзината долна облека. Трендот на проѕирни фустани веќе го прифатија и други познати дами, а слични изданија неодамна видовме и кај американската инфлуенсерка Оливија Палермо и моделите Емили Ратајковски и Хејли Бибер…

Пејачката Рита Ора често е на мета на модните критичари, но тоа не ја загрижува премногу, а и овојпат се појави во смело издание резервирано само за најхрабрите.Згодната 31-годишна музичарка со косовски корени пристигна на гламурозните награди Жени на годината што се одржаа во британската престолнина, при што го украде целото внимание во тоалета која не е за секого.

Сопругата на наградуваниот режисер Таика Вејтити го одзема здивот во целосно проѕирен, црн фустан со долна облека која се проѕираше под тоалетата.

Станува збор за креација со потпис на француската куќа Jacquemus, зад која стои надежниот млад дизајнер Симон Портe Жакемус.

Под секси фустанот музичарката носеше само црни танга, а заводливото издание го заокружи со гломазен накит кој на целата комбинација и даде рокерски шмек.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement