Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Запознајте ги сите знаменитости на главниот град на Естонија,прекрасната престолнина на Балтикот која мора да се види!

Замислете ја вашата следна дестинација: град во кој можете слободно да шетате низ улиците и да истражувате, без да се судрите со орди туристи и полн со интересни работи. Ова звучи како Талин, чија атмосфера е опуштена. Сочуваните камени улици и историскиот центар на градот под заштита на УНЕСКО се само дел од знаменитостите прошарани со модерни удобности за сите генерации, вклучувајќи голем избор на места за излегување. Додека престојувате во Талин, ќе имате можност да ја запознаете естонската култура и начин на живот и да обрнете внимание на некои интересни работи, како на пример јазикот што веројатно нема да го разберете.

Имено, иако естонскиот јазик историски бил под влијание на соседните јазици шведски, латвиски и руски, тој со нив не го дели истото индоевропско потекло. Припаѓа на финскиот огранок на фамилијата на фино-угрски јазици, што го прави неразбирлив.Можно да е разбирлив за Финците и Унгарците, чии јазици потекнуваат од исто семејство.

Покрај разбирањето на естонскиот, мора да се пробате и во естонските специјалитети кога е храната во прашање. Пробајте свежа риба или дивеч (канадскиот елен или дива свиња се омилен деликатес). Што се однесува до рибните деликатеси, тука е маринираната јагула како најпопуларно јадење со риба. Иако можеби некому не му звучи како деликатес, вкусот обично ги воодушевува сите што ќе го пробаат. А еден естонски десерт остава без здив, па задолжително побарајте крингел – сладок леб чие тесто се полни со марципан, бадеми или ореви и се пече во форма на плетенка.

За да ги запознаете сите знаменитости на главниот град на Естонија, најдобро е да дозволите да ве води водич.

Ставете го Талин на листата за патување и уживање само во Естонија или пак вклучете го во распоредот на вашето следно големо европско патување.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement