Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

ЏЕФ БЕЗОС ВО ПАРТНЕРСТВО СО ЏЕЈ ЗИ ИМА ЖЕЛБА ДА ГО КУПИ ФУДБАЛСКИОТ ТИМ НА WASHINGTON COMMANDERS…

Основачот на Amazon и четвртиот најбогат човек на светот, Џеф Безос и неговата поранешна сопруга Мекензи Скот во последно време трошат големи суми на пари.

Додека филантропот дава милиони во добротворни цели за подобрување на светот, бизнисменот инвестира во нови бизниси за да заработи уште повеќе пари. Џеф Безос размислува за своето најголемо купување до сега – франшиза од NFL. Безос и Џеј Зи наводно се заинтересирани да формираат партнерство и да го купат фудбалскиот клуб Washington Commanders.

Веста доаѓа откако милијардерите сопственици на тимот, Ден и Тања Снајдер, изјавија дека ја ангажирале Банката на Америка да ги „разгледа потенцијалните трансакции“, кои би можеле да вклучат и продажба.

Доколку Снајдер одлучи да го продаде тимот, цената може да биде 5 милијарди долари.

Безос е ентузијаст за тимот, а Џеј Зи, чија вредност е околу 1,3 милијарди долари, има силен интерес да го купи тимот со Безос, чие богатство се проценува на 114 милијарди долари.

Да се потсетиме дека хип-хоп ѕвездата беше косопственик на NBA Brooklin Nets се додека не го продаде својот удел во 2013 година. Безос има репутација дека е поврзан со неколку тимови, но никогаш не инвестирал во нив. Од 2018 година, бизнисменот милијардер беше поврзуван со Washington, Seattle Seahawks, Detroit Lions i Los Angeles Chargers, Denver Broncos… Ниту една од тие гласини не значеше ништо, но франшизата на NFL може да ги промени работите.

Прочитај

Green Tea

Човечкото тело е изложено на оксидативен стрес секој ден – процес во кој се создаваат вишок слободни радикали кои можат да ги оштетат клетките...

Four Seasons

Многумина кои размислуваат да се преселат во странство сега имаат одговор на прашањето кои земји се најбараните во светот за 2025 година. Луѓето сè...

Green Tea

Повторното користење на тегли и садови не е само практично, туку и еколошки и економично. Меѓутоа, ако остане леплив остаток, теглите изгледаат неуредно и...

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

Advertisement