Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

На сред улица им се препуштија на страстите: Се помири еден од најубавите парови во светот на познатите!

Ниту во деновите на најголема среќа не сме ги виделе јавно да се однесуваат вака.

Руската манекенка Ирина Шајк (36) и американскиот актер Бредли Купер (47) очигледно повторно се пар!

Њујоршките папараци неодамна често ги гледаа заедно, а вчера беа фотографирани додека се шетаат прегрнати, додека убавата Русинка во еден момент почна да го допира задникот на атрактивниот актер.

Ирина пред неколку дена на Инстаграм сподели фотографија на која седи во скутот на Бредли Купер, маскиран во џиновска мечка, што веќе предизвика шпекулации дека меѓу нив повторно има нешто повеќе од пријателство.

Двојката беше во врска од 2015 до 2019 година, а во март 2017 година ја добија ќерката Леа де Сена.

Бредли и Ирина во неколку наврати по раскинувањето зборуваа пофални зборови еден за друг, а познатата убавица често го фали својот поранешен или повторно сегашен дека е прекрасен татко.

– Сам ја однесе Леа на двонеделен одмор.Воопшто не морав да им се јавам. Тој е многу посветен и снаодлив татко, а не му треба дадилка – изјави таа во едно интервју.

– Бредли и јас сме строги како родители. Ние постојано ја воспитуваме. Штом заврши со јадење, Леа станува, ја зема чинијата и вели „благодарам“. Не добива ништо без „ве молам“ и „благодарам“. Има многу играчки. Како мала имав кукла, а се уште ја имам – изјавила таа.

Таа истакна дека таа и Бредли се рамноправни родители кои го делат целосното старателство над нивната ќерка.

  • Не го разбирам поимот поделен родителство. Кога сум со неа, јас сум 100% мајка, а Бредли е 100% татко кога е со неа – рекла таа еднаш.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betsat   grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom