Овогодинешното издание на LACMA Art + Film Gala обедини многу светски познати лица, а се одржа во чест на корејскиот режисер Чан-вук Парк и американската уметница Хелен Пашгијан. Официјален спонзор на 11-тото издание на оваа престижна манифестација беше познатата италијанска куќа Gucci, а како што беше и очекувано, целото внимание го украдоа познатите убавици кои се истакнаа во модата во никогаш погламурозни изданија. Во центарот на вниманието овојпат беа актерките Салма Хајек и Оливија Вајлд, супермоделите Кендал Џенер и Хајди Клум, риалити ѕвездите Парис Хилтон и Ким Кардашијан, чии секси фустани привлекуваа очи…
Единаесеттото издание на холивудската LACMA Art + Film Gala забава собра бројни холивудски ѕвезди кои за овој настан најмногу носеа тоалети со потпис на познатата италијанска модна куќа Gucci, која беше и спонзор на настанот.

Најголемата ријалити ѕвезда на денешницата, 42-годишната Ким Кардашијан пристигна со стил облечена во тесен фустан од латекс со сирена крој, изработен од шпанската куќа Balenciaga, за која работи и како заштитно лице.

За разлика од неа, нејзината помлада полусестра Кендал Џенер избра заводлива тоалета Burco Akyol, која се истакна со целосно проѕирен горен дел кој навестуваше дека 27-годишната манекенка не носи градник одоздола.

Актерката Салма Хајек Пино со нејзиниот моден избор се погрижи сите да гледаат во нејзиното бујно деколте. Згодната 56-годишна Салма се појави во тесен фустан со светки, кој беше дело на италијанската куќа Gucci, а длабокото деколте и тесниот крој на фустанот едвај ги додржаа нејзините бујни гради.

Легендарната германска манекенка Хајди Клум покажа модна непогрешливост во гламурозна, виолетова тоалета украсена со светки, која се истакнува со длабоко деколте, а пристигнува со потписот на американскиот бренд Rodarte кој ги освои љубителите на женствената и романтична облека.

Не помалку гламурозна беше и актерката и сценарист Оливија Вајлд. Режисерката на филмот ‘Don’t Worry Darling’ ја отелотвори старата школа елеганција во блескав тоалети потпишан од модната куќа Gucci, а како завршница дојдоа црвените ракавици од латекс со кои таа направи да изгледа уникатно.
