Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

По Анџелина, сега Џенифер Анистон го тужи Бред Пит бара да и исплати 100 милиони долари…

На холивудската суперѕвезда очигледно му е тешко да остане во добри односи со своите поранешни љубови.Познатата актерка Џенифер Анистон одлучила да го тужи својот поранешен партнер и холивудска суперѕвезда Бред Пит, за неверојатна сума.

Причината за оваа тужба лежи во продукциската куќа која парот ја основа во раните 2000-ти наречена – План Б.Сега Бред Пит планира да ја продаде – Џенифер верува дека таа има право на својот дел. Конкретно, таа оспорува дел од неговите права бидејќи смета дека и таа има право на одреден процент од продажбата.Токму затоа, како што пренесуваат американските медиуми, таа решила да го тужи за цели 100 милиони долари.

Инаку, Бред Пит веќе е во правен судир со друга поранешна сопруга – Анџелина Џоли, па конфликтот со уште една поранешна сопруга сигурно нема лесно да го реши. Продукциската куќа за која се караат поранешните сопружници, всушност премина во рацете на Пит кога парот се раздели, но Анистон верува дека никогаш не добила заслуга за тоа што помогнала во основањето на компанијата.

Таа беше и основач на План Б. И иако компанијата на крајот технички му припадна на Бред таа смета дека заслугата за создавање на тој проект од темел не ја добила. А бидејќи на тоа работеа заедно, не е ништо чудно што таа мисли дека заслужила дел од се – рекол извор близок до актерката.

Меѓу најголемите успеси на компанијата се филмовите како „Двојна игра“ исто така и филмот „12 години роб“ и „Месечева светлина“, кои ја добија престижната филмска награда Оскар. А не треба да ги заборавиме и познатите блокбастери „Троја“, како и филмот „Чарли и фабриката за чоколади“.

Истиот извор истакна дека „Џен очекува барем признание за нејзините заслуги доколку се реализира продажбата на Бред, плус можност да работи со кој и да ја преземе“.

  • Ако Бред сака да се справи со Џен, ќе посегне во џебот и ќе и даде чек од 100 милиони долари. Реално, тоа би било ситница во однос на сумата која ќе ја земе Бред доколку се реализира продажбата – вели овој извор.

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement