Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Меган Маркл за вината што ја чувствува како мајка и партнерка во очите на јавноста…

Меган Маркл проговори за „страшната вина“ што ја чувствува како мајка и партнер во очите на јавноста.

Војвотката од Сасекс Меган Маркл денеска ја објави најновата епизода од нејзиниот подкаст „Архетипи“ кој го нарече „Добрата сопруга, лошата сопруга; добра мама, лоша мама“, а гостинка и е првата дама на Канада, Софи Трудо, пренесува „The Sun“.

Додека Меган го најави својот гостин, таа рече:

  • Таа многу добро знае какво е чувството да се биде мајка и партнер, а особено мајка и партнер во очите на јавноста и како вината поради очекувањата може да стане вина што ја чувствуваме како мајки или како жени генерално – рече Меган.

Војвотката зборува и за тоа како е да се биде мајка и размислува за времето кога заштедила неколку пари за играчка за Арчи.

Таа се присетила како нејзината пријателка била во градот со нејзините деца, па времето го поминувале заедно покрај базенот.

  • Прскавме со водата во базенот, а потоа фрлавме играчки во базенот. Инаку, парче пица на надувување испадна голем хит и го најдов на интернет и не се шегувам кога ќе ви кажам дека онаа без феферони беше за неколку долари поефтино од онаа со феферони. – се пошегува Меган.

Меган продолжи да зборува за „хаотичните“ утра со Хари и децата и рече дека мисли дека утринската брзање само ќе се влошува додека Арчи и Лилибет ќе стареат.

  • За мене секогаш се вклучени двата монитори за децата за да можам да ги слушнам. Кога Лили ќе се разбуди, ја симнувам долу, а потоа половина час подоцна, тука е Арчи.

Меган вели дека Хари им помага на децата, додека за сите тројца подготвува појадок, што и е многу важно. После тоа, тие ги хранат трите кучиња пред да продолжат со остатокот од активностите во денот. Војвотката понатаму се запрашала како некој може да ги извршува сите овие обврски без помош на партнерот бидејќи толку многу работа е резервирана за мајките.

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement