Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Покрај задолжителниот пилинг, есента бара и некои промени во негата на кожата,Шест правила за есенска нега на кожата…

  1. НЕЖНО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО

Кога температурите паѓаат и се лачи помалку себум, премногу агресивните производи за чистење може да ја исушат кожата. Наесен би било добро да се префрлите на гел за чистење без сулфат за утринска нега и лосион за чистење навечер. Гелот ќе овозможи подлабоко чистење на порите, а лосионот кој е нешто поблаг ќе биде ефикасен за отстранување на шминката.

  1. Зголемете ја ХИДРАЦИЈАТА

Жените често го занемаруваат тоникот во негата на кожата. Ако сте меѓу нив, сега е време да започнете да го користите. Тониците без алкохол се најдобриот начин за хидратација на вашата кожа. По тоникот, на се уште влажното лице нанесете хидратантен серум или крем за кожата подобро да ја впие водата и активните состојки.

  1. БОГАТ ХИДРАТАНТЕН ПРОИЗВОД

Лесните хидратантни производи се погодни за лето, но со доаѓањето на пониските температури потребна ви е поинтензивна хидратација. Заменете го вашиот обичен хидратантен крем со погуст крем кој содржи керамиди и масла богати со липиди. Друга можност е да користите масло наместо крем (исто така можете да измешате неколку капки масло со вообичаениот хидратантен крем).

  1. ПРОДОЛЖЕТЕ ДА КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТЕН ФАКТОР

УВБ зраците не се толку силни во есен, но УВА зраците се исто толку силни како во средината на летото (тоа се зраците кои предизвикуваат рак и предвремено стареење на кожата). Затоа, во текот на есента, како и во текот на целата година, користете средство за заштита од сонце со најмалку фактор 30.

  1. ДОДАДЕТЕ РЕТИНОЛ ВО ВАШАТА ДНЕВНА ГРИЖА

Ако престанавте да користите ретинол во текот на летото, сега е време да започнете повторно. Изберете ретинол серум или ретиноид,тој значително ќе ја намали појавата на кафени дамки од сонцето, како и брчките.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement