Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Шолја полна здравје: Најлесен и најдобар рецепт за чај од свеж ѓумбир…

Свежиот корен од ѓумбир може да изгледа непривлечно и чудно, но има тони здравствени скриени придобивки. Токму во сезоната есен/зима најмногу се конзумира ѓумбирот бидејќи успешно штити од воспаленија и инфекции и го подобрува имунитетот.

Чудотворниот ѓумбир има силни антиинфламаторни својства и е природен помошник кај сите болести кои можат да предизвикаат чести воспаленија, како што се разни облици на артритис, антиимуни болести или дијабетес.

Џинџеролот, биоактивна супстанца во свежиот ѓумбир помага во спречување на инфекции, а екстрактот од ѓумбир го спречува растот на многу бактерии.

Познато е и дека ѓумбирот помага при инфекции во усната шуплина или при проблеми со забите. Се користи за ублажување на болката и истражувањата покажале дека екстрактот од ѓумбир е исто толку ефикасен во решавањето на овој проблем како и лековите за оваа намена. Посебно е ефикасен за менструални грчеви.

Покрај сето тоа, ѓумбирот подмладува, помага при слабеење, спречува металоиди, па дури и ги чисти белите дробови на пушачите и бившите пушачи кои се загадени со никотин, катран, јаглерод моноксид и разни токсини.

Сето ова се одлични причини да направите шолја оживувачки и лековит чај од ѓумбир, а доколку го збогатите со адитиви како куркума, цимет или лимон, ќе добиете топол напиток кој навистина има супер моќи. Ви го пренесуваме наједноставниот, а воедно и најдобриот рецепт за свеж чај од ѓумбир кој можете да го пиете наутро, попладне и навечер.

Состојки за чај од ѓумбир:
-1 корен свеж ѓумбир со дебелина од околу 2,5 см, исечен на парчиња не подебели од 0,5 см
-1 чаша вода
-Дополнителни вкусови по желба (одберете само еден): стапче цимет, корен од куркума дебел околу 2,5 см исечен на тенки парчиња (исто како ѓумбир) или неколку листови свежо нане

-Додадете и тенко парче свеж лимон или портокал и/или лажичка мед или јаворов сируп.

Постапка:
1.Измешајте го исечениот ѓумбир и водата во сад на силен оган. Ако сакате да додадете стапче цимет, куркума или нане, додадете го веднаш.
2.Оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината доволно за да дозволите напитокот нежно да се крчка пет минути (за многу силен вкус на ѓумбир, оставете го да врие до десет минути).
Тргнете го садот од оган. Внимателно процедете ја течноста преку цедалка во чаша или мерна чаша отпорна на топлина.По желба, послужете со парче лимон или портокал и малку мед за уште поголем вкус. Послужете го чајот топол.


Плус совет: ѓумбирот не мора да го лупите, туку измијте го и изгребете ја нечистотијата. Процедете го чајот низ ситно сито за да остане целиот ѓумбир во него. Лимонот и портокалот ќе му дадат на чајот малку повеќе комплементарна киселост, додека медот ќе го омекне огнениот вкус на ѓумбирот.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement