Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Никола Пелц ја откри вистината за наводните кавги со Викторија Бекам…

Главна тема во изминатите месеци, кога станува збор за Бекамови, е наводната кавга на дизајнерката со снаата за венчаницата, но се чини дека никој од членовите на семејството не ја гледа ситуацијата толку драматична како што изгледа во јавноста.

Никола Пелц-Бекам повторно проговори за наводните заладени односи што ги има со нејзината свекрва Викторија. Сопругата на Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид, летово го прекина молкот за наводната „студена војна“ со Викторија, велејќи дека кавгата меѓу нив започнала кога дизајнерката не можела да и направи фустан на Никол, па невестата одлучи да ја носи креацијата на Valentinо.

Но, таа сега ги одрекува своите коментари, велејќи за The Times дека немало кавга.

„Тоа не е кавга! Постојано го гледам тој збор „кавга, кавга, кавга!?“ Како што реков претходно, мислам дека сè започна со тоа што не ја носев венчаницата на Викторија, но вистина е дека навистина, навистина сакав да ја носам таа венчаница.Помислив „Толку е убаво што мајката на Бруклин сака да ми го направи“, рече Никола.

Понатаму, актерката истакна дека е многу возбудена што ќе облече венчаница дизајнирана од нејзината свекрва, но за жал тоа не се случи.

„Желбата навистина ми беше да носам венчаница од ателјето на Викторија, а потоа по неколку месеци таа сфати дека нејзиното ателје не може да постигне да ја направи, па морав да изберам друг фустан. А таа не ми кажа дека не може да го заврши …“, изјави претходно Никола за Variety.

Сепак, сите знаци на раздор во семејството Бекам наводно исчезнале кога целото семејство се собрало на модното шоу на Викторија Сикрет за време на модната недела во Париз. Некои извори шпекулираа дека Викторија ги поканила синот и снаата на модната ревија за да ги решат несогласувањата, па дури и се гушкале и бакнувале пред камерите.

Странските медиуми пишуваат и дека целото мултимилионерско семејство Пелц им замерувало на Дејвид и Викторија бидејќи на свадбата не седнале на главната маса со младенците.

„На масата имаше само членови на семејството милијардери и навистина не изгледаше како Бекамови да се во првите редови. Имаше чувство дека тоа е само свадба на семејството Пелц, бидејќи тоа беше нивната куќа и само нивна ќерка и син одржаа говори“, открил непознат извор за Daily Mail.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betsat   grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom