Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Пенелопе Круз: Одлична комбинација која и Коко Шанел би ја одобрила…

Пенелопе Круз го промовира својот нов филм „L’immensitĂ“ во кој глуми жена заробена во семејна ситуација од која не гледа излез и завршува во психијатриска установа. Пенелопе го промовираше филмот и во Италијанскиот институт за култура во Мадрид, каде згодната актерка дојде во костим со мини здолниште.

Како амбасадорка на модната куќа Chanel,Пенелопе Круз за оваа пригода носеше креација на луксузната француска куќа. На црвениот тепих таа позираше во темносин костим од твид составена од пократка јакна со ракави до лактите украсена со многу светки и златни облоги, а во ист стил и здолниште со патент во средината. Пенелопе го носеше патентот малку отворен, поради што изгледа како мини здолништето да има шлиц.

Под сакото, познатата убавица носеше тесен беж топ, а кога се во прашање чевлите и чантата, се „препушти“ на Chanel.Заедно со женственатo сако и мини здолништето носеше елегантни црни сандали со сатенска завршница, чија потпетица е украсен со метален прстен на кој пишува „Chanel“ – многу ефикасен детал, што ги прави тие потпетици вистински магнет за очи.

Целото издание го надополни со класична црна чанта со шевови и метален синџир, иконскиот модел Chanel.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement