Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Метју Пери откри чудна, речиси бизарна омраза кон Киану Ривс…

Американскиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“, напиша мемоари наречени ‘Friends, Lovers and the Big Terrible Thing’ 

Книгата ќе излезе на 1 ноември, а делови од книгата кои веќе „протекоа“ шокираа многу фанови.Меѓу другото, Метју Пери се запраша двапати во книгата – зошто Киану Ривс е сè уште жив..

Мемоарите на Метју Пери излегуваат на 1 ноември, но детали од книгата протекуваат со денови, од кои некои се доста тешки, па дури и шокантни.

Актерот ја запишал приказната за неговата тешка борба со зависноста од алкохол и дрога и опишува како животот буквално му висел на конец поради прекумерната употреба на наркотици. Пишува и како потрошил милиони долари на рехабилитација (наводно 15 пати одел на рехабилитација, на кои потрошил околу 9 милиони долари), како му пукнало дебелото црево од злоупотреба на опиоидни лекови, како завршил во болница и поминал две недели во кома, како за малку ќе умрел,лекарите му дале два проценти шанса да преживее.

Сепак, тој открива и една прилично бизарна работа во книгата. Проблематичната ѕвезда на „Пријатели“ го сними својот прв филм „Ноќ во животот на Џими Риардон“ во 1988 година со долгогодишниот најдобар пријател на Киану Ривс, Ривера Феникс.

Во својата книга, Пери пишува за смртта на Феникс од предозирање (на 23-годишна возраст) во 1993 година: „Ривер беше прекрасен човек одвнатре и однадвор и премногу убав за овој свет, се испостави. Се чини дека навистина талентираните момци секогаш паѓаат. Зошто оригиналните мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер се мртви, а Кијану Ривс сè уште шета меѓу нас?“ Пери исто така пишува дека плачел кога Феникс умрел…И додека целиот свет го обожава Кијану Ривс поради неговата едноставност, љубезност и несебичност, Пери уште еднаш го спомнува колегата на друго место во книгата, по смртта на актерот Крис Фарли. Додека се бореше со зависноста на врвот на својата слава на „Пријатели“, глумејќи го Чендлер Бинг, Пери се потпиша за снимање на комедијата „Речиси херои“, во која глуми и Фарли. Откако Крис Фарли почина од предозирање, Пери изгледаше збунето, но потоа повторно помисли дека не е фер што Ривс е сè уште жив.

„Удрив со раката на ѕидот и го дупнав ѕидот на соблекувалната на Џенифер Анистон кога дознав“, напиша тој. „И Кијану Ривс сè уште оди меѓу нас.“ За работите да бидат уште поинтересни, Ривс и Пери, според IMDb, никогаш не глумеле заедно, па не е сосема јасно од каде потекнува омразата на Пери кон еден од најомилените актери на денешницата…

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement