Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

9 пати добил потрес на мозокот, а не се сеќава на славното минато: Актерот од најпознатата ТВ серија водел тежок живот…

Серијата Malcolm in the Middle доби голема популарност во средината на деведесеттите, иако денешните помлади генерации сè уште ја сакаат.

Malcolm in the Middle е само еден од популарните ситкоми кои ги обожававме во деведесеттите, а доколку сте љубители на оваа серија, сигурно се сеќавате на малото момче Малколм, кое го портретираше Френки Муниз.

Серијата се снимаше шест години и за тоа време Френки беше можеби најпопуларниот тинејџер во светот. Двапати беше номиниран за Златен глобус и еднаш за Еми. И по завршувањето на серијата продолжи да глуми, а потоа во 2008 година шокираше со ненадејното пензионирање.Френки сакаше да биде професионален возач на формула, а потоа се испроба како тапанар за бендот Kingsfoil. Сепак, тој не се сеќава на сето ова. Поради големи здравствени проблеми меморијата му е многу лоша, па не се сеќава на повеќето работи од минатото.

Во 2009 година преживеа тешка сообраќајна несреќа, а потоа имаше потрес на мозокот и серија мозочни удари. Досега девет пати имал потрес на мозокот, а првиот му се случил на седумгодишна возраст кога играл фудбал, пренесува People.

  • Отсекогаш сум бил здрав. Никогаш не сум пиел алкохол, никогаш не сум испушил ниту една цигара, ниту сум пробал дрога. Единственото нешто што го чувствував беше стресот. Сакам постојано да се движам и не ме бива за опуштање – изјави Муниз.

Тој имаше и мал мозочен удар во 2012 година, а неполна година подоцна, уште еден.

Знам само како е да си јас, односно да го имаш мојот мозок. Само кога луѓето ме потсетуваат на нешто што сме го направиле заедно, сфаќам колку е лоша мојата меморија. Не се сеќавам на повеќето работи за кои зборуваат, но не се чувствувам тажно или лошо поради тоа. Едноставно, таков е животот. Се трудам да го живеам најдобро што можам и да ги искористам сите можности што ги имам – изјави еднаш тој.

Многу му помогнала неговата сопруга Пејџ Прајс, која му предложила да води дневник во кој ќе запише се што прави, за подоцна да се сети. Френки се уште глуми, но најмногу се појавува во споредни улоги.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement